Три години потоа

Сите ги заборавија и Тамара, и пропустите во здравството, и политичката злоупотреба и родителската негрижа

Разврската за причините за смртта на Тамара Димовска деновиве почна во Кривичниот суд во Скопје. Три години по смртта на Тамара на обвинителна клупа се девет лекари, членови на првостепената и второстепената лекарска комисија. По целиот тој притисок од јавноста и по политичката инструментализација на случајот, денес малкумина знаат, на пример, дека имало решение за упатување на лекување во странство, дека родителите повеќе од два месеци не ја носеле Тамара на веќе платеното лекување во болницата во Истанбул и дека наодот од обдукцијата покажал дека Тамара не умрела поради деформитетот на 'рбетот.

Од оваа временска дистанца, без притисокот на политичките игри во случајот со Тамара, се гледа дека всушност станувало збор за сериозни пропусти во пропишаната процедура за упатување на лекување во странство, за немање прецизни правилници и рокови, а тука, за жал, треба да се додаде и родителската негрижа.

Сите овие слабости во процедурата ревизорите ги регистрирале во својот извештај од 2017 година. Тие во извештајот велат дека за 30 донесени решенија за лекување во странство во Фондот за здравствено осигурување бил пробиен законскиот рок од 45 дена. Во актуелниот случај тој рок од 45 дена е еден од главните аргументи на обвинителството.

Спинални центри во Скопје

Од документацијата што ја поседува МКД.мк се гледа дека лекарските комисии (првостепената и второстепената) најпрво (2 октомври 2014) одбиле да дадат решение за лекување од странство само поради нецелосната документација, немањето конзилијарни мислења. Претходно комисијата одржала десет седници од кои постојано било барано комплетирање на документацијата.

Во ова колебање за позитивно решение и во одложувањето на конзилијарните мислења можеби улога одиграло и тоа што токму во тој период, и во Државната болница и во приватната болница Систина Аџибадем во Скопје, беа отворени спинални центри. Претседателката на првостепената комисија наводно добила и СМС-порака од одговорно лице од Фондот за здравство во која пишувало дека пациенти со вакви заболувања отсега ќе се лекуваат во новиот спинален центар во Државната болница. Одбраната на лекарите ја бара оваа СМС-порака од мобилниот оператор.

Решението било потпишано во декември 2014

И кога документацијата конечно била комплетирана, на 11 декември 2014 година лекарите издале решение за упатување на лекување на Тамара во Медипол мега болницата во Истанбул, Турција. Била извршена и уплата на парите (30 илјади евра) на сметката на таа болница.

Лекарите биле уверени дека Тамара е веќе во Истанбул и очекувале позитивни вести. Но Жаклина Димовска, мајката на Тамара, сметала дека во таа болница операцијата нема да биде успешна и барала друга болница, или во Турција или во Германија.

До крајот на јануари Тамара не заминува во Истанбул, по што надвор од секоја процедура Министерството за здравство го повикува познатиот ортопед од Турција, д-р Уфук Талу, кој ја прегледува Тамара и заклучува дека ни во Скопје, ниту пак во Медипол во Истанбул нема услови за успешна операција на деветгодишното девојче. Тој сметал дека е потребна сериозна реконструктивна операција со голем ризик и ја препорачал болницата Аџибадем во Истанбул. Неговото мислење е заверено на 21 декември 2014 година.

На 5 февруари 2015 година, во брза постапка, и првостепената и второстепената лекарска комисија одлучуваат да го сменат решението и да ја упатат Тамара на операција во Аџибадем, а не во Медипол.

На 9 февруари Тамара починува. Се крева голема врева во Македонија, јавното мислење го распнува министерот за здравство Никола Тодоров и сите одговорни лица од Фондот за здравство, почнувајќи од Маја Парнаџиева, директорката на Фондот, и нејзиниот заменик Џемали Мехази, како и лекарите-членови на комисијата.

По целата таа врева што настана тогаш, сега сите заборавија да ги објават резултатите од обдукцијата во кој се вели дека деформитетот нема причинско-последична врска со смртта. Тоа значи дејка Тамара не починала како последица на нејзиниот деформитет, туку од родителската негрижа и нелекување на воспалението на белите дробови.

Жаклина Димовска и нејзиното семејство денеска живеат во Словенија.

А.Д.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе