Претседателски избори април 2019

„Сите едно пееме“ - Пендаровски ја почна кампањата со порака за заедништво и обединување

Денеска на своите профили, заедничкиот кандидат за претседател на 30 политички субјекти го промовираше видео спотот за песната „Сите едно пееме", со која и го најави официјалниот старт на кампањата.

„Со стиховите „Сите едно пееме, вечерва од љубов семе сееме, полиња со среќа полни жнееме, еден свет без граници да живееме“, песната на Стево Пендаровски мотивира, инспирира и испраќа силна порака за заедништво, соживот и единствената иднина која ја има оваа наша прекрасна земја.

Видео спотот носи силна визулена поткрепа од убавините на нашата земја, планинските врвови и реки и единственото македонско зајдисонце, прекрасното Охридско Езеро, револуционерното Крушево, старата скопска чаршија и традициите кои живеат во неа, хероите на македонскиот спорт и уште многу други.

Во своето обраќање на крајот од спотот, Пендаровски повикува на обединување и потстетува дека патот што го изодевме беше долг и тежок, но и дека само обединети во една заедничка цел, можеме да продолжиме напред и да изградиме држава во која сите ќе сакаме да живееме.

„Заедно напред. Затоа што заслужуваме модерна, европска држава“, завршува Пендаровски“, соопшти Изборниот штаб на Стево Пендаровски.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе