Системот за управување со кризи неминовно мора да се гради и да ги одржува капацитетите, порача Ангелов

За справување со климатските промени неопходни се сеопфатни мерки и активности од страна на повеќе надлежни органи. Постои потреба од меѓуресорски координирани стратегии, политики и планови. Климатските промени се чувствуваат во многу сектори: земјоделство, шумарство, водостопанство, животна средина, предизвикуваат топлотни и студени бранови, имаат ефекти врз здравјето и животот кај луѓето, животните и растенијата, производството и снабдувањето со храна, обезбедувањето со енергија, поттикнуваат миграции, ризици од природни непогоди па дури се и причини за судири заради пристап до животни ресурси, рече денеска в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На панел-дискусијата за управување со ризици организирана од УНДП, Ангелов посочи дека во однос на спречувањето на последиците од климатските промени најшироко применувана стратегија е адаптацијата или прилагодувањето во сите засегнати сектори: земјоделство, производство на храна, искористување на водниот режим,...

Како што нагласи Ангелов, во досегашното 15-годишно постоење ЦУК се соочил со повеќе ризици од аспект на климатските промени, како екстремни временски состојби со изразени високи температури за време на летните месеци.

„Овие состојби во голема мерка го зголемуваат ризикот за избувнување шумски пожри и пожари на отворен простор кои загрозуваат големи шумски површини, ги уништуваат шумските видови и предизвикуваат долгорочни последици по животната средина. Заради ефикасно справување со големи шумски пожари во повеќе наврати биле прогласувани кризни состојби на целата територија на државата (2007) или на нејзини делови (2017) со цел да се обезбеди координиран пристап во преземените активности и рационалност во искористувањето на националните ресурси. За жал, има и случаи кога националниот систем не бил во можност ефикасно да одговори на катстрофи предизвикани од екстремни временски феномени како што беше настанот со поројните поплави во близина Скопје (Стајковци и околината) во 2016 година“, истакна в.д. директорот.

На прашањето дали повеќе превенираме ризици и кризи или работиме на санација на штетите, Ангелов одговори дека идеална превенција и избегнување на сите ризици не е можна.

„Системот за управување со кризи неминовно мора да се гради и да ги одржува капацитетите, а соодветно на тоа и да организира процес на санација на штети и посткризна рехабилитација“, дополни Ангелов.

Тој потсети и дека основна надлежност и мисија на Националниот систем за управување со кризи и Центарот за управување со кризи е насочена кон превенција и рано предупредување за сите ризици кои може прераснат во кризи и катастрофи и да резултираат со предизвикување на штети. За таа цел, додаде, ЦУК изработува и ажурира Процена на загрозеност за подрачјата на општините, градот Скопје и државата од сите ризици и опасности.

„Оваа процена се изработува во законски регулиран и институционално организиран процес на комуникација, координација и размена на податоци и информации. Основната цел на изработката на процените е навремена идентификација на сите актуелни и потенцијални ризици со цел да се превенираат и навремено да се информираат надлежните субјекти кои треба да ги преземат потребните мерки и активности“, објасни Ангелов.

На панел дискусијата, експерти и функционери зборуваа за актвиностите на УНДП и на Владата за управување и намалување на ризиците од катастрофи, односно на темата „Отпорност на екстремни климатски настани за да се активираат реални решенија во управување со климатските екстремни настани во земјата за управување и намалување на ризиците од катастрофи."

Покрај Ангелов, учествуваа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, швајцарската амбасадорка Сибил Зутер, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. 

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе