Иницијатива во грчкиот парламент

СИРИЗА на Ципрас бара да се врати парламентарното пријателство со Македонија

Седумнаесет пратеници на грчката опозициска партија СИРИЗА со писмо на кое потпис стави и поранешниот шеф на дипломатијата Јоргос Катругалос, бараат од паралемтнтот да се активира парламентарната група за пријателство меѓу Грција и Северна Македонија.

Активирање на парламентарната група за пријателство меѓу Северна Македонија и Грција и одржување тематски состаноци во областите од најголем интерес за двете соседни земји, бараат пратеници од СИРИЗА во писмото до претседателот на конкретната група, пратеникот од Нова демократија Јоргос Влахос и до претседателот на грчкиот Парламент Костантинос Тасулас, јави дописничката на МИА од Атина.

Дописот е од потпретседателот на групата за пријателство Северна Македонија- Грција, пратеникот од СИРИЗА Никос Папас и од поранешниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, кој воедно е и надлежен за надворешна политика во опозициската партија, а го потпишуваат вкупно 17 пратеници од СИРИЗА, членови на групата за пријателство меѓу двете земји.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе