Синот на вториот возач во автобусот за БНТ: Татко ми спиел во кабината, го препознав неговото тело

Кадрим Мемеди е името на вториот возач во македонскиот автобус што се запали на автопатот Струма во Бугарија, а неговото тело било пронајдено во кабината за спиење во средишниот дел од автобусот, потврдил за Бугарската национална телевизија (БНТ) неговиот син Бесар Мемеди.

Фото: БНТ

Бесар Мемеди, како што вели за БНТ, бил во Бугарија за да го препознае телото и се вратил дома. Според него, татко му не возел, но тоа уште не е потврдено.

Неговиот татко, како што вели, имал 54 години и над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите. Автобусот, според него, бил технички исправен.

Последната фотографија на возачот Кадрим Мемеди

Бесар тврди дека „Беса Транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција и од таму му се јавил на синот. Според Бесар, татко му во автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту со гориво. Тој уште тврди дека во списокот на преживеани во несреќата има еден кој не е на списокот на патници, Шади Науф ал Салех.

 

 

Легенда под Главна слика

Фото: БНТ

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе