Како што информира МВР, двајца од полициските службеници се повредени при инцидент во близина на споменикот Скендербег, каде што беше приведен Е.Ј.(40) од Скопје, осомничен за пукање од пиштол. Пиштолот, според МВР, е обезбеден, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово документирање против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Уште три лица се приведени поради фрлање со тврди предмети кон полициски службеници. Еден полицаец бил повреден со тврди предмети пред Собранието и е задржан на болничко лекување. Уште едно лице е приведено пред угостителски објект на подрачјето на Центар, поради снимање со дрон без дозвола.
За време на собирот пред Собранието регистриран е и настан во кој учесници во протестот се обидувале да отстранат група на маскирани лица, кои предизвикувале инциденти.
Вчера истот така било приведено лицето кое претходниот ден фрли молотов коктел кон зградата на Собранието. Станува збор за Ј.С.(18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и го призна делото. По документирање на случајот и против него ќе следува соодветна пријава.