Пред прославата на 1.000 години МПЦ-ОА

Синодот на БПЦ соопшти дека со барањето на МПЦ-ОА не се кршат каноните, а за бугарскиот владика Наум БПЦ е наследник на ОА

Какви било шпекулации за наметнување раскол за Бугарската православна црква не одговараат на реалноста, бидејќи комисијата на Светиот синод на БПЦ задолжена за македонското барање не извршила противоканонски активности од кои би произлегла таква казна.

Поглаварите на МПЦ-ОА и БПЦ, Стефан и Неофит

Ова се наведува во соопштение на Комисијата на БПЦ за обнова на канонскиот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Според Комисијата, чиј претседател е митрополитот Кипријан, бугарските митрополити имаат право на свои лични ставови и мислења, но за прашања поврзани со дијалогот за воспоставување канонски статус на МПЦ-ОА и поврзаните одлуки на комисијата, изјави има право да дава само и единствено претседателот на синодската комисија.

Во соопштенито се додава дека Светиот синод на БПЦ досега не направил никакви дејства спротивни на каноните на Светото православие.

„Затоа се неумесни какви било изјави дека БПЦ извршила активности заради кои произлегуваат канонски последици“, се вели во соопштението на БПЦ.

Една од задачите на комисијата е токму тоа - да се води дијалог и консултација со помесните православни цркви, во потрага по начини и средства за постигнување на посакуваниот резултат без да се нарушат каноните на Светото православие, соопшти БПЦ.

Русенскиот митрополит Наум

Денеска во колумна објавена во „24 часа“, русенскиот митрополитот на БПЦ Наум напиша дека Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија никогаш немала намера да се откаже од својата многувековна историја и канонско достоинство, како вистински наследник на Бугарската Охридска архиепископија, независно од политичката коњуктура.

На 14 мај Светиот синод на БПЦ одби да учествува на прославата на 1.000 годишнината од Охридската архиепископја во Охрид која ќе се одржи на 27 мај.

„За нас е неприфатливо БПЦ-БП да земе учество на претстојните прослави во Охрид, по повод 1.000 годишнината од основањето на Бугарската Охридска архиепископија, зашто со нашето учество таму, би се извршило национално предавство. БПЦ-БП ќе прифати дека една нова црковна формација, која денес се нарекува „Македонска православна црква – Охридска архиепископија“, создадена од политички причини само пред неколку десетлетија, преку гореспоменатото чествување, го утврдила своето статус-кво, присвојувајќи си ја црковната историја на бугарскиот народ...

...Секакви тврдења дека „Бугарската црква не треба да се плаши од евентуална шизма, со еднострано и самоволно признавање на Македонската црква“, е плод на апсолутен стремеж кон безредие, а поддржувачите на тој став немаат никакво право да се изјаснуваат како православни христијани.

Во врска со писмото од страна на митрополитот Стефан од Скопје, со кое се бара БПЦ-БП да стане мајка црква на на МПЦ, должни сме да појасниме дека во оригиналниот документ од ноември 2017 година јасно е набележано дека „МПЦ-ОА ќе ја препознае и признае БПЦ-БП како мајка црква тогаш кога таа ќе ја признае нејзината автокефалност“, што значи нивната желба не е безусловна“, пишува Наум во колумната.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе