Синдикатот на УПОЗ бара неотповиклива оставка од Зоран Караџовски

Синдикатот на УПОЗ денеска побара неотповиклива оставка од претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, бидејќи, според нив, тој е еден од главните виновници за лошата финансиска состојба во која се наоѓаат вработените во судовите.

„Караџовски го сметаме за главен виновник затоа што двапати по 40 проценти кои минатата година ни беа задржани, беа на сметка на судовите до 31 декември 2016 година и можеше многу едноставно со негово одобрение овие пари да ни бидат вратат назад“, рече потпретседателката на Синдикатот на УПОЗ, Верица Тасева на денешната прес-конференција.

Синдикатот на УПОЗ реагира поради тоа што со Предлог-буџетот за 2018 година се изоставени вработените во судската служба и во јавнообвинителската служба, кои неколку пати досега штрајкуваа, барајќи зголемување на платите и исплата на додатоците за плата.

Од Синдикатот додаваат дека се надеваат оти наскоро ќе се подобрат и условите за работа на вработените во казнено-поправните и во воспитно-поправните домови бидејќи веќе била остварена средба со директорот на Управата за управување на санкции и во подготовка е новиот закон за извршување на санкции во кој учествуваат и претставници на синдикатот.  

Во врска со актуелната состојба околу изборот на претседател на ССМ, ставот на Синдикатот на УПОЗ е дека нивниот кандидат Пецо Грујовски ги исполнил условите да биде можен кандидат за претседател. 

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе