Синдикатот на полицијата во Македонија бара покачување на платите во полицијата

Синдикатот на полицијата во Македонија преку соопштение до јавноста реагира на одлуката на Владата во ребалансот на Буџетот да не се вклучи покачување на платите во полицијата.

„Вчера преку Центарот за комуникација за јавност на СДСМ беше објавено дека ‘Владата предводена од СДСМ континуирано инвестира во здравствените работници и во здравстевниот систем кој со месеци е во борба со пандемијата на коронавирусот.

Ребалансот на Буџетот предвидува и средства во висина од 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од корона вирусот. Следната година следува покачување на платите во здравството за 10 отсто. СДСМ, како одговорна партија, има намера платите во јавното здравство до 2024 да бидат повисоки за 40 отсто од денес, преку зголемување од 10 проценти секоја година‘. Синдикатот на полицијата во Македонија ја поздравува оваа одлука иако смета дека и овие ветени проценти се мали за наведената категорија на работници.

Она што не загрижува како Синдикат е тоа што веруваме дека во еден момент немаше вработен во полицијата, а да не се чуствува барем во овие неколку дена вреднуван, знаејќи го притоа фактот како секојдневно се справува со предизвиците од кризата на терен, а некој и покрај сѐ му го вреднува трудот доколку добиевме убава вест. Но не е така за жал.

Ова вчера што го изјавија преку соопштение од Владада за жал мораме да констатираме дека е страшно, жално и бедно и невреднување на трудот на вработените во Полицијата. Со оглед на тоа сметаме дека ваквата одлука на Владата е срамна. Како Синдикат сметаме и веруваме дека Ви е познато дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените ‘ништо‘ денари кои ги предлага Владата со ребалансот на буџетот. Барем да предвидевте исто колку и здравствените работници, Да, малку се но сигурно ќе оставеа трага за задоволство во овие тешки и макотрпни времиња како една награда за секојдневниот ризик кој го преземаат работниците во Министерството за внатрешни работи“, се наведува во соопштението од Синдикатот.

Оттаму бараат од Владата и Собранието да се преиспита ова нивно барање и во најбрз можен рок да се исправи, како што велат, нанесената неправда.

 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе