Синдикатот бара МНР да ја запре дисциплинската попстапка против нивниот претседател

Најостро се спротивставуваме на поведувањето дисциплинска постапка против нашиот претседател, амбасадорот Зоран Дабиќ. Веќе три години, од основањето на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Дабиќ е наш претседател и бескомпромисен борец за остварување на принципите и заложбите зад кои стои МДС, а тоа се пред се подобрување на социјалните, економските, здравствените и професионални права на вработените во МНР, се вели во реакцијата на МДС.

„Со своите активности и резултати во насока на реализирање на принципите и заложбите на МДС и пред се враќањето на дигнитетот на дипломатската професија Дабиќ ужива висок углед во нашето членство.

Имајќи ја предвид законската заштита на синдикатите, како и на претставниците на синдикатите за искажан став или мислење, која е, согласно основните демократски принципи, насочена токму кон овозможување на слободно дејствување на синдикатите, сакаме да ве информираме за следното:

Со Одлука на Извршниот одбор на МДС, претседателот Зоран Дабиќ е задолжен да ги афирмира ставовите на МДС во самото министерство, но и во пошироката јавност и е овластен тоа да го прави преку директно комуницирање со министерот за надворешни работи и раководството на МНР, преку соопштенија за јавност, јавни написи, предавања, учество на конференции, јавни настапи, интервјуа, присуство во медиуми, социјални мрежи и други форми на обраќање до јавноста кои што ќе имаат ефект на доближување на нашите пораки до широката јавност.

Согласно ова, нашиот претседател, амбасадорот Зоран Дабиќ не може, ниту смее да биде предмет на лична дисциплинска постапка, поради тоа што како претседател на МДС ги застапува ставовите на МДС.

Сите ставови изнесени на неговото обраќање пред Собранието на 5 јули се ставови на Македонскиот дипломатски синдикат. Сите забелешки „околу начинот на работењето на министерот за надворешни работи Бујар Османи и функционирањето на Министерството за надворешни работи“ се исто така забелешки на Македонскиот дипломатски синдикат.

Овие забелешки не се нови и се однесуваат на супер-централизираниот начин на неговото раководење преку создавање „мини МНР“ во Кабинетот на министерот, односно двојни паралелни структури за веќе постоечки области. На тој начин директно се запоставува 90% од редовните работни единици врз кои дипломатијата како структура почива, преку нивно маргинализирање или целосно невклучување во активностите. Ваквата пракса непосредно доведе до релативизирање на највисоките дипломатски структури, а со тоа и до атрофирање на целосната дипломатската служба, која станува „одвишна и непотребна“. Долгорочно, ваквата поставеност води кон јакнење на клиентелизмот и партизираноста во МНР, како и појава на тешки дефекти во процесот на градење квалитетни дипломати. Оттаму нашата загриженост за иднината на нашата куќа.

Како претседател на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Дабиќ на наше барање јавно го изнесе нашиот став против злоупотреба на нашите имиња и професии од страна на министерот Османи, кога неточно изјавил во јавноста дека „францускиот предлог го разгледуваат и анализираат најискусните дипломати во МНР“.

И на крај, како МДС сметаме дека несмасната изјава на МНР Османи дека неприфаќањето на францускиот предлог може да доведе до етнички тензии е целосно несоодветна за еден министер за надворешни работи и заради тоа го овластивме нашиот претседател јавно да побара одговорност од министерот Осамни.

Како што гледате, вистинскиот субјектот на дисциплинска постапка што се предлага да се поведе е всушност Македонскиот дипломатски синдикат. МДС е доброволно здружение на граѓани и нема некакви институционални или финансиски можности за некакво влијание, освен преку изнесување на вистината. А за вистината да допре, таа треба да излезе во јавност. Никој, па макар бил и министер или друг висок раководител не може да биде однапред амнестиран од одговорност за штетни последици. Нашиот законски претставник, амбасадорот Зоран Дабиќ ги афирмира нашите познати ставови во јавноста, кои ставови ги градиме сите подеднакво и тоа се наши заеднички ставови, па согласно тоа не гледаме поради што некој треба поединечно да одговара.

 

 

 

 

Се надеваме дека ќе препознаете дека дисциплинска постапка против нашиот претставник амбасадорот Дабиќ, поради тоа што изнесува наши ставови, не е законски дозволена и дека соодветно на тоа, ќе донесете исправна одлука да не ја поведете постапката.

Доколку сепак се решите да поведете незаконска постапка, бидете сигурни дека до крај ќе ги браниме нашиот интегритет и нашите законски права како синдикална организација, јавно и гласно. За ваквиот незаконски преседан веднаш ќе ги информираме нашите повисоки структури, и тоа: Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Синдикатот на администрацијата и државната управа (САДУ) на домашен, како и Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC – International Trade Union Confederation) и Светската работна организација (ILO - International Labor Organization)од системот на Обединетите нации, на меѓународен план.

Исто така, ќе продолжиме да ги известуваме медиумите за авторитарниот недемократски третман на синдикатот во Министерството за надворешни работи и за обиди за негово замолкнување преку застрашување на неговото членство, одн. самиот претседател.

Доколку биде потребно, нема да исклучиме и поведување приватни судски постапки против одговорни лица во МНР, вклучително и членови на Дисциплинската комисија“, соопшти Извршниот одбор на Македонскиот дипломатски синдикат.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе