Синдикатите против намалување на платите, сметаат дека ќе е контрапродуктивно

Освен Синдикатот на одбрана, за намалување на платите реагираа и Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", Конфедерацијата на синдикални организации и Независниот синдикат на затворската и судската полиција кои не прифаќаат намалување на платите во своите сектори.

Од Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје посочуваат дека платите на вработените во администрацијата и образованието се мали и недоволни за да се покријат основните трошоци и оти ваквиот предлог ќе биде уште еден удар врз науката и вработените во високото образование, имајќи предвид дека пред распуштањето на Собранието не се остварило најавеното зголемувањето на платите.

„Во оваа состојба на пандемија, на луѓето им се потребни средствата од редовните примања за опстанок во вонредните околности, кога не можат да остваруваат никаков дополнителен приход со сопствен труд, туку треба да се потпрат единствено на средствата од плата за издршка на семејството, велат од Синдикатот, посочувајќи дека ваков предлог нема донесено ниту една земја во регионот, иако имаат прогласено вонредна состојба.

Синдикатот предлага да се изнајдат други начини за финансиска поддршка и борба против коронавирусот со пренасочување на буџетски средства наменети за одредени проекти кои во моментот не се повеќе значајни од здравјето на граѓаните, како и од државните резерви, донации од банки и големи компании, задолжување...

„Синдикатот смета дека во услови на демократско општествено уредување, воведената вонредна состојба и носењето на уредби со законска сила од страна на Владата треба да биде насочена кон итно справување со опасноста од вирусот и надминување на постојните проблеми во насока на заштита на здравјето на граѓаните, но не и за носење на одлуки поврзани со платите на вработените. За вакви прашања е потребна поширока општествена јавност при одлучувањето. Дотолку повеќе што правен основ за носење на ваква мерка, со која се намалуваат платите, во нашето право изречно не е предвидена и уредена", се наведува во соопштението.

Од Синдикатот посочуваат дека вработените во УКИМ во овие вонредни околности сепак одржуваат настава по електронски пат.

Конфедерацијата на синдикални организации не го прифаќа предлогот за минимална плата за вработените и сметаат дека во моментот тоа е контрапродуктивно. Се надеваат дека Владата нема да го усвои ваквиот предлог и нема да има намалување на платите.

Велат подготвени се да преговараат и бараат да има синдикални претставници при носењето на вакви мерки.

„Како работници сме подготвени да носиме одговорност во оваа ситуација, но кога е криза сите треба да бидеме рамноправни, а не да се носат мерки на грбот на работниците", изјави претседателот на КСОМ, Марјан Ристески.
КСОМ предлага и бизнисмените кои имаат големи приходи, да донираат дел од средствата бидејќи, како што посочија, има 250 директори кои земаат плата од 10 илјади евра.

Од Независниот синдикат на затворската полиција и Независниот синдикат за судската полиција бараат целиот безбедносен сектор да биде изземен од антикризните мерки. Побарале средба кај министерската за правда Рената Дескоска, а доколку таа не ги прими во разумен рок, тогаш за петок најавуваат протест кој, како што велат, ќе биде организиран согласно вонредните мерки.

 

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе