Од обработени 97 oтсто од гласачките места

Симулација на ДИК: СДСМ со 46 мандати, а ВМРО-ДПМНЕ ќе има 44

Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија од обработени 3.369 од вкупно 3.480  гласачки места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освои 302.908 гласови или 35,79%, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 291.809 гласа или 34,48 отсто.

За ДУИ гласале 99.534 или 11,76 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива 75.194 или 8,89, за Левица 34.282 или 4.05%, за ДПА 13.390 или 1,58 и за Интегра 11.335 или 1,34 отсто, а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.

Според симулацијата на ДИК, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ ќе има 46 мандати, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 16, Алијанса за Албанците  12, а Левица и ДПА по еден мандат.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе