Објавена методологијата за претстојниот Попис

Симовски: Законска обврска е давањето податоци - дијаспората ќе се попишува од 1 март

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска ја објави Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април која е може да се прочита и на веб страницата на ДЗС. Тој рече дека е обврска на граѓаните да им дадат потадоци на попишувачите и дека затоа пописот е ставен во законска рамка. За дијаспората е создадена посебна апликација и иселениците ќе можат да се попишат веќе од 1 март. Симовски не ги коментира изјавите на политичарите за одложување на оваа статистичка операција.

Користењето на податоците од пописот е во интерес на самите граѓани и на државата, затоа и се носи закон со којшто се дава обврска да се учествува во пописот, рече Симовски.

„Секој оној што ќе се обиде да одбие, да не учествува во пописот си прави штета себе си, и на сите граѓани во државата. Апелирам сите да го прифатат пописот, бидејќи ова е општествено-корисна акција, ова не е во интерес на ниту една политичка структура во државата, туку во интерес на сите граѓани во државата. Податоците од пописот имаат голема употреблива вредност, пред сѐ во правец на развој на општеството, од економијата, образованието или здравството, па се до секојдневниот живот на граѓаните“, рече Симовски.

Тој информира дека секој податок даден за време на пописот ќе се проверува преку неколку бази на податоци, апелирајќи до граѓаните да им даваат точни податоци на попишувачите. Симовски рече дека покрај базата на МВР, во која се регистрира влез и излез од државата, ќе се користи и базата од министерствата  за здравство и труд и социјална политика, од  УЈП, како и од други бази на податоци.

Во однос на политичките изјави за можно одложување на пописот, Симовски истакна дека како Завод за статистика не коментираат политички изјави и оти се раководат од Законот за попис, каде што е утврден периодот за спроведување на пописот и сите рокови врзани со пописот и оти тој Закон мора да го почитуваат.

Симовски истакна и дека дијаспората ќе се попишува еден месец пред започнувањето на пописот, односно преку апликација што ќе биде во функција од 1 март. Посочи дека преку оваа апликација ќе се попишуваат лица само што се надвор од државата и таа е со посебни процедури и критериуми, додавајќи оти се работи за исклучително безбедна апликација.

Собранието на 21 јануари го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становитеа, според кој пописот треба да се спроведе од 1 до 21 април годинава. Законот гарантира одржување попис според меѓународните стандарди и стандардите на Евростат.

Опозицијата останува на ставот дека пописот треба да се одложи за наредната година, или ако се инсистира тој да се одржи пролетва, да се спроведе по електронски пат, без физички контакт со попишувачи. ВМРО-ДПМНЕ, формално почна и иницијативата за укинување на Законот за попис. Наспроти барањето на ВМРО-ДПМНЕ за електронски попис, од СДСМ  се со став дека таков вид на статистичка операција нема да ги даде комплетните податоци какви што се потребни и кои треба да бидат според стандардите на Евростат.

Претседателот на државата Стево Пендаровски неодамна изјави дека според него не би било проблем спроведувањето на оваа статистичка операција да се одложи и да се одржи во мај или јуни, на што завчера и премиерот Зоран Заев изјави дека „таквата можност е вредна за разгледување“, но, нагласи, само ако станува збор за одложување од еден или два месеца.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе