Прес-конференција по завршувањето на Пописот

Симовски: Во промили, не во проценти, е бројот на граѓани кои одбија да бидат попишани

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на прес-конференција по завршувањето на пописот на населението, вечерва изјави дека во земјава се попишани 1.832.696 лица, додека преку интернет апликацијата, во дијаспората се самопопишани 204.805 македонски државјани, најмногу во западно-европските земји, а многу малку во прекуокеанските држави. На прашањето колку граѓани одбиле да им отворат врата на теренските попишувачи, Симовски не даде конкретна бројка, но рече дека тоа се изразува во промили, а не и во проценти.

„Минимална е бројката на граѓани кои одбиле да бидат попишани. Но и тие граѓани кои не се попишани, или не е успеано да бидат попишани, ќе влезат во податоците, зашто се дел од базите на податоци“, изјави диркторот Симовски.

На прашањето дали граѓаните кои одбија да бидат попишани ќе бидат казнети, Симовски рече дека во старт целта не била да се казнува, но и додаде дека оние граѓани кои одбиле да се попишат ќе добијат соодветна пријава базирана на изјава од попишувач.

„Како овие пријави ќе завршат, тоа веќе не е во наша моќ“, рече Симовски.

Пописот е целосно успешен, нагласи Симовски и рече дека треба да им се члестита на сите вработени во Заводот, на медиуимите, како и на други институции, затоа што, како што оцени, „по 20 години имаме успешна статистичка операција на попис на населението“.

Со пописот се регистрирани 568.175 домаќинства и 837.255 станови во земјава. Од опфатените објекти за живеење 91 процент биле предмет на пописот, а останатите девет отсто не се за домување.

Симовски рече дека споредбата на податоците ќе се врши за време на обработката на податоците во наредниот период, а дека конечните податоци ќе бидат објавени во рок од 6 месеци, до крајот на март идната година.

На прес-конференцијата говореше и заменик директорот Иљми Селами, кој на истите прашања зборуваше на албански јазик.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе