Италијанскиот амбасадор во Македонија

Силвестри: Евроинтеграцијата треба да се држи настрана од историјата

И покрај целото разбирање за важноста на билатералните прашања, остануваме цврсто убедени дека европското чекорење на земјите кандидатки треба да се држи на страна од таквите проблематики вкоренети во историјата, вели Андреа Силвестри, новоименуван амбасадор на Италија во Скопје, на прашањето за барањата на Бугарија кон Македонија.

Запрашан во врска со спорот со Бугарија и дали треба да се дозволи праксата историски и билатерални прашања да бидат причина за блокирање на евроинтеграцијата, амбасадорот Силвестри потенцира дека и покрај целосното разбирање за важноста на билатералните прашања, Италија останува цврсто убедена дека европското чекорење на земјите кандидатки треба да се држи на страна од проблематики вкоренети во историјата.

Во интервјуто кое со Силвестри го направи агенцијата МИА, амбасадорот вели дека Италија со многу храброст и далековидост се справила со своето минато, како земја, која во текот на Втората светска војна беше дел од Тројниот пакт и, како што нагласува тој, со барање да се издејствува правда за секој што претрпил неправда и бил обесправен, и на меѓународен и на внатрешен план.

Изградбата на италијанската модерна демократија, додава тој, потекнува токму од овие процеси. Силвестри нагласува дека ЕУ низ историјата била рамката, со нивните соседни земји да обезбедат мир, добросостојба и заедништво, но и нивните граѓани денеска да се чувствуваат не само како Италијанци, туку и како Европејци.

Силвестри додава дека историските процеси треба да им се доверат на историчарите, со цел да се избегнат можни политизирања и поларизации кои воопшто не помагаат при дефинирање на неутрални и споделиви анализи.

„Италија се бори со сите сили во Советот на министри што е можно побрзо да се усвои преговарачката рамка за Северна Македонија, посакува надминување на моменталната блокада, која настана по бугарското вето и апелира на здрав разум до сите“, вели амбасадорот Силвестри.

Неговата држава, Италија, е уверена дека иднината на Македонија, како и на другите земји од Западен Балкан е во Европа и дека влезот во ЕУ за регионот ќе донесе стабилна иднина и благосостојба.

Силвестри се осврна и на состојбата со Ковид-19 во моментов во неговата земја, апелирајќи дека сега се наоѓаме во фаза, која треба да се управува со интелигенција и мудрост.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе