Силва жали за изјавата на Закаријаш дека „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот“, вели Османи

Португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантош Силва изрази жалење за изјавата на државната секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш дека „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот“, изјави денеска шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

„Тоа што можам да кажам од разговорот со Силва е дека португалското претседателство покажа дека решение може да постои, потребно е само повеќе напор и разбирање. Министерот изрази жалење и ја реафирмираше уште еднаш позицијата на Португалија дека нивниот став е оној што го има во пишаниот документ што го доставија како предлог до Бугарија и Северна Македонија.  А тоа е македонскиот јазик да остане во преговаракаата рамка.

Претседателството има единствен предлог. Се менува претседателството, но не се менува предлогот. Јазикот е кодифициран од 1945 и никогаш не сме се пазареле за јазикот на билатерална основа“, рече Османи на средба со новинарите на Преспа форумот за дијалог.

Инаку, Силва, вчера на последниот ден од португалското претседателство со Унијата кажа дека португалскиот предлог содржи „македонски јазик“, и дека изјавата на државната секретарка, Ана Паула Закаријаш, во која таа користи „северномакедонски јазик“ е грешка.

 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе