Претседателски избори 2019

Сиљановска жали што Река не влегол во вториот круг, тој тврди дека нема да прави пазар со гласовите

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова преку социјалните мрежи му честиташе на Блерим Река за освоените гласови во првиот изборен круг и изрази жалење што тој не влегол во вториот круг.

„Ми беше чест да учествувам на претседателските избори заедно со колегата Блерим Река. Дискусиите кои ги имавме, и по прашања за кои се сложувавме, како и за оние за кои не се сложувавме, беа на високо ниво и го подигнаа квалитетот на дебатата. 
Му честитам на освоените гласови и искрено жалам што не влезе во вториот круг“, пишува Сиљановска на Фејсбук.

Река досега не одговори на пораката од Сиљановска, но се огласи неговиот изборен штаб. По синоќешните изјави на неговите противкандидати Сиљановска и Стево Пендаровски, од штабот на Река велат дека со гласовите што ги освоил нема да има политички пазар ниту со едниот ниту со другиот кандидат.

На избирачите во вториот изборен круг им порачуваат да гласаат по своја волја, без оглед на пораките од двајцата кандидати, бидејќи на тој начин покажуваат политичка зрелост и демократски капацитет и, како што велат, се оградуваат од политички игри.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе