Собрание

Силјановска: Закон за попис без европски регулативи и со злоупотреба на европското знаменце

Законот за попис на населението е со низа недоследности во кој не се вметнати регулативите и стандардите на Европската Унија и Евростат, а истовремено се прави и злоупотреба на европското знаменце од страна на владејачкото мнозинство, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска на денешната собраниска седница.

„Во европските парламенти на членките на ЕУ обично во текот на една година не се носат повеќе од 150 - 160 закони. Ние за два месеци оваа собраниска фабрика произведе речиси 170 закони меѓу нив и Законот за попис на населението,  и стовите чии наслов не соодветствува на она што ќе се попишува. Слушам на телевизија, не во текот на расправата од директорот како зборува за резидентно население за нерезидентно население, но го препрочитав неколку пати законот и не можам да видам таква класификација. Веројатно ќе биде во методологијата, но и неа ја нема и ќе ја добиеме еден месец по донесувањето на законот, па ве упатувам на други искуства да видете како методолошки упатства се заедно во пакет со законите, со сериозни објаснувања, со сите инструменти на тајмингот на роковите и слично“, нагласи Силјановска.

Пратеничката додаде и дека од страна на владејачкото мнозинство се прави злоупотреба на европското знаменце.

„На еден интересен начин дојде овој закон во редовна постапка без европско знаме, потоа го снема, па се врати со европско знаме. Ова знаменце е ставено заради повикувањето во регулативата. Ако ги проверите одредбите за нејзино спроведување, апсолутно не е точно дека е делумно аплицирана. Се обидовме точно одредбите од регулативата преку амандманите да ги предложиме, меѓутоа тоа не беше прифатено. Епа сега да оцениме дали европското знаме навистина нешто значи. Патем, за два месеци речиси 20 закони со европско знаменце поминале што е повторно невиден рекорд. Јас се чудам зошто не добиваме почеток на преговори  на таква фантастична европеизација во ова Собрание“, заклучи Силјановска.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе