Претседателски избори април 2019

Сиљановска во Валандово и Гевгелија, Пендаровски во Куманово

Кандидатите за претседател на државата и денеска ја продолжуваат кампањата и на средби со граѓани и митинзи ќе ги претстават своите изборни програми.

На 15-от ден од кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Сиљановска-Давкова ќе одржи митинзи во Валандово и Гевгелија, а нејзиниот ривал од СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ќе биде на митинг во Куманово.

Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

Тројцата кандидати за претседател на државата ветија мирна и фер кампања со посета на речиси сите населени места.

Пендаровски ја почна кампањата од Прилеп, Силјановска-Давкова од Охрид, а Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА првиот митинг го одржа во Скопје. 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе