Претседателски избори април 2019

Сиљановска во штабот на Пендаровски

Гордана Сиљановска-Давкова денеска влезе во канцелариите на изборниот штаб на Стево Пендаровски во центарот на Скопје. Таа на Твитер објави дека со присутните разговарале за фер и демократски изборен процес и избори без нерегуларности.

Сиљановска потсети дека  шефот на изборниот штаб на Пендаровски во Скопје, Ѓорги Галетановски не ја пречекал. „Мило ми е што Сиљановска била во промотивниот штаб на Пендаровски“, одговорил Галетановски на Фејсбук.

„Ама еве втор пат да ве потсетам дека јас не сум шеф на штаб на претседателот и сум на работа секој ден од 8 до 16 часот во скопската зоолошка. Ви се извинив за коментарот, а таму сигурно била младината и ве пречекале пријатно и ферски како што ни доликува. Во недела губиш катастрофално. Убав ден“, напиша Галетановски.

Пред неколку дена, ВМРО-ДПМНЕ побара Галетановски да биде отстранет од Изборниот штаб на Пендаровски, за навреди на Сиљановска преку социјалните мрежи.

 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе