Претседателски избори 2019

Сиљановска во Прилеп: Ветија дека никој нема да остане неказнет, но нема правда за злосторството кај Смилковското Езеро

Кандидатката за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска Давкова нападот кај Смилковското Езеро го окарактеризира за терористички чин. Таа вечерва одржа митинг во Прилеп.

„Седум години по тој настан, недолжните луѓе, семејствата на убиените тоа не го заслужија. Тое е терористички чин. Тогаш премиерот велеше дека има снимки дека никој нема да остане неказнет. Но, сега во име на коалицијата право и правда нема. Ние ќе се раководиме од Уставот и законите, Нема да се мешаме во судската власт, а додека премиерот е претседател на Советот за судски реформи, право и правда нема да има“, рече Сиљановска.

За причините поради кои се кандидирала, таа рече дека тое е желбата да се обиде да смени нешто во оваа држава.

„Поголем предизвик е да се обидеме да смениме нешто. Не за мене, не за партиите кои ме поддржаа, туку поради граѓаните. Кога правото и правдата ги нема во реалноста, Уставот и законите се обичен декор. Сите да бидеме еднакви пред нив, да нема селективна правда, да нема владеење на една група олигарси кои го користат Преспанскиот договор и договорот со Бугарија за да го зголемат своето богатство. Катаден се среќаваме со клиентелизам, корумпирани политичари и време е на 21 април да им кажеме дека нивното време завршува.

Досега ние се грижевме, сега тие нека се грижат. Најмолчеливите на референдумот, сега ќе бидеме најгласни, зошто гласот ќе се провлече до септември кога ќе треба да има предвремени парламенатарни избори. Не е време за останување дома на 21-ви. Сигурна сум дека народот ќе направи избор воден од битката за правда за Македонија.

Восхитена сум од глетката, Прилеп е синоним за слободарство. Зошто се тука почна, битката за македонските правдини за македонската вистина“, рече Сиљановска пред граѓаните на Прилеп.

 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе