Претседателски избори 2019

Сиљановска: Сопруг и партија не менувам

Меѓусебни обвинувања и закани имаше на последното телевизиско соочување меѓу претседателските кандидати Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски.

Пендаровски обвини дека таткото на Сиљановска бил припадник на полицијата, на што Сиљановска одговори дека тоа е сталинистичка метода и му порача дека за то обвинение ќе добие соодветна кривична пријава.

Веднаш потоа следеше обвинување од Сиљановска дека таткото на Пендаровски работел во полицијата. 

„Дали сакате да ви возвратам со кривична пријава. Мојот татко целиот свој работен век го помина како учител”, рече Пендаровски.

На Наредното обвинување од Сиљановска дека Пендаровски  ја предводел акцијата на полицијата во Радожда, а одговорот беше дека тој тогаш не работел во МВР.

Во меѓусебните обвинувања Пендаровски кажа дека Сиљановска менувала партии, а доби одговор од неа дека „сопруг и партија не менува”. 

Во денешната дебата Сиљановска посочи дека има министри кои не одат на работа, а земаат плата.

„Морам да посочам Македонија е мултикултурно општество, да поделено општество, поделбите никогаш не биле подлабоки сега не се само интеретнички туку се и интраетнички. Зошто? Зошто неефикасниот политичкиот лепак, демократскиот лепак е владеење на правото. А, не пазарите помеѓу партиските елити. Ние и денеска имаме министри во владата кои не одеа на работа, тоа ни се одрази со месеци”, додаде Силјановска.

Силјановска дури посочи дека само граѓанскиот концепт со почитување на колективните права согласно меѓународните документи гарантира европска и демократска држава.

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе