Заврши конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска по изборот: Не сум националист, јас сум за владеење на правото

Мене ми е јасно дека не може да се оди на избори, а камо ли да се победи ако зад вас не застане силна партија. Исто така, некој кој добил доверба од силна партија има обврска постојано да се држи до она што е најважно, само владеењето на правото нѐ води во ЕУ, рече Гордана Силјановска Давкова по нејзиниот избор за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата.

Таа ги негираше обвинувањата дека е националист.

„Не, не сум националист. Јас сум за владеење на правото. Законите треба да бидат во рамките на Уставот за да бидат добри. Родена сум во Охрид, во турска куќа, а од 10 години мојот брат има побратим Албанец. Може ли некој кој расте во таква средина да биде националист, рече Силјановска.

Таа потсети на деветте позитивни извештаи од ЕК.

„Советот велеше дека проблемот е во името, е па сега нека размислат. Тие се на ред да ѝ пружат рака на Република Македонија бидјеќи отсекогаш сме биле дел од Европа“, посочи Силјановска.

Претходно за време на нејзиното излагање на конвенцијата таа најави формирање на експертски тим од домашни и странски професори кој низ призма на меѓународното право и уставното право ќе отвораат прашања пред меѓународните судови и институции.

За владеењето на Зоран Заев таа рече дека заевизмот не е само авторитаризам, заевизмот е ментална матрица - „кажувам заборавам негирам“. За жал од таа болест се инфицираа мнозина, рече Силјановска и додаде дека ако стане претседателка ќе бара да се обраќа во Собранието кога и да има проблем.

„Нашите претседатели обично се обраќаат пред Нова година. А Уставот вели најмалку еднаш. Секогаш кога ќе има проблем, а секој ден ги има, ќе побарам да се обратам пред Собранието. Јас и кога ќе го користам ветото заради одбрана на Уставот, ќе барам да го образложам тоа. Тоа ќе допре до сите тела. Ќе се држам до Уставот и тоа ќе важи за сите партии, па и за ВМРО-ДПМНЕ“, порача професорката.

Таа кажа и оти ако ја изберат ќе се обиде да го исполни и она што го кажале нејзините конкуренти во партијата.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе