Сиљановска: Опозицијата води со 70 илјади гласа, на ред се предвремени избори

Ви благодарам на отворената врата за некого однадвор, за некој како мене, изјави вечерва во штабот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова, кандидатката на таа партија за претседател на државата. 

Таа им се заблагодари на сите граѓани и вети дека ќе остане посветена на правото и правдата за Македонија.

Сиљановска рече дека заедно со кандидатот Блерим Река, опозицијата успеала да обезбеди предност од околу 70 илјади гласа.

„За некој како мене, кој во целата кампања укажуваше на неодржливоста на овој систем, на овој режим, на невладеењето на правото, систем потонат во криминал и корупција, тоа е најважно. Опозицијата успеа да ги убеди граѓаните дека во отсуство на право и правда може само да си кажуваме приказни за ЕУ и НАТО. Само со исполнување на копенхагеншките критериуми може да се дојде до преговори со ЕУ“, рече Сиљановска.

Таа потсети на кампањата во која укажуваше дека на Македонија ѝ треба нов профил на лидерство, „европско, храбро интелектуално, кое не импровизира и не лаже“.

„Допрва следува битката. Но ако ние добивме толкав број на гласови и ако ги додадеме тие на Блерим Река - приказната е јасна. Обајцата зборувавме за владеење на право и правна држава. Приказната е демократска и европска и само со таква реализација на приказната можеме навистина да зачекориме во ЕУ. Во спротивно, ќе останеме закопани во транзицијата. Не случајно ги поврзувам претседателските избори со новите предвремени парламентарни избори. Да беше демократска владава, уште вечерва ќе распишеше предвремени парламентарни избори. Крајот се насетува. Моите тези се јасни, потврдени во регионот, во држави со европска демократија. Македонија е не само слаба држава, туку во многу елементи и пропадната држава. Потребен е радикален пресврт. Она што го слушаме вечерва е отворена поддршка за она што го ветувавме“, рече Сиљановска.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе