Претседателски избори 2019

Сиљановска: Мораме да донесеме право и правда во Македонија

Претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше средби со граѓаните на општина Карпош, на кои им се заблагодари што ја поддржаа во првиот круг од претседателските избори со што, како што рече, ѝ дале дополнителна сила за да победи, се со цел правдата да преовладее во државата.

„Потребно е во вториот круг дополнително да се охрабриме, да разговараме со нашите пријатели кои имаат различни причини за бојкот на изборите. Да им ја објасниме важноста на овие избори. Да ги убедиме да излезат и да гласаат за право и правда во Македонија“, рече Сиљановска.

Таа најави дека за таа цел лично ќе разговара со луѓето од „Бојкотирам“, како и со сите граѓани, без разлика на етничка, верска или каква било припадност.

„Силата на аргументите мора да победи. Вистината е на наша страна. Мораме да донесеме право и правда во Македонија. Време е“, порача Сиљановска пред граѓаните на скопската општина Карпош.

Таа рече дека на 5 мај граѓаните гордо за гордата Македонија ќе гласаат и ќе победи, бидејќи, како што рече, крајот на власта е на повидок, а нејзината победа веќе е на дофат.

Сиљановска им вети на граѓаните дека кога ќе победи на претседателските избори ќе се избори „правото и правдината да завладее во Република Македонија и да се стави крај на заевизмот кој што нанесе само зло на државата“.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе