Претседателски избори април 2019

Сиљановска: Ќе ја вратиме Македонија зашто таа е се што имаме

Вечерва сме во славниот Штип, Штип со херои, Штип со државници, Штип во кој првиот човек кој ја водеше државата, рече дека Македонија е се што имаме. Ние ќе ја вратиме Македонија, зошто таа навистина е се што имаме. Ова вечерва го истакна кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска – Давкова, која на неколку часа пред изборниот молк одржа митинг во Штип.

„Се она за што страсно разговараме е невозможно да се случи без правна држава, без остра битка со корупцијата и криминалот што е нивно секојденевие исто како и невидениот непотизам. Тоа ќе доведе до отворање нова страница во македонската историја. Тие нема да ја отворат, иако јас од срце сакам да добиеме датум за преговори, но тоа не е можно, зошто треба да имате европски капацитети и да почитувате европски вредности, ама нив тие ги немаат и тоа ќе им биде соопштено наскоро“, рече Сиљановска Давкова.

Таа побара граѓаните да гласаат  за неа,  не зошто е жена, туку зошто, како што рече, се она што го учела може да го спроведе на дело.

„Во политиката никој не сака поданици кои 102,3 посто мислат исто, оти корист од поданици и обожаватели немате. Само низ критика ќе дојдете до вистинските решенија. Ќе трагаме по консензус за најважните прашања, но ќе се држиме до она што ни припаѓа. Вие го имате судбоносниот збор, имавте прилика да слушнете како дебатираме и водиме дијалог. Ако мислите дека јас сум најдоброто решение, не зошто сум жена, туку дека како професорка се она што сум учела можам да го спроведам на дело, тогаш гласајте за мене, вие сте на потег“, рече на крај од својот говор пред штипјани Сиљановска Давкова.

Во завршниот збор пред штипјани, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика на заедничко обединување пензионерите, студентите, бизнисмените и административците се со цел, како што рече, да се застане на патот на неправдите, на криминалот, на корупцијата и на омаловажувањето на Република Македонија.

„Свесен сум за предизвиците, знам колку тешко ќе биде, но знам дека ќе го сонуваме македонскиот сон што ќе стане јаве. Ви велам колку пари и да имаат, колку и да злоупотребуваат, да се закануваат и уценуваат, ние сме тие што сме храбри и мотивирани, а во ова борба ќе победиме токму ние храбрите. Денес овде во Штип се собрал храбар народ кој ќе победи најпрвин на 21 април, а потоа и на 5 мај“, рече во својот говор пред штипјани Мицкоски.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе