Претседателски избори април 2019

Сиљановска: Идентитетот е неразделен од името Македонија и тој не трпи придавка северна

Власта единствено се фали дека го реформирале името. Тоа не е реформа, тоа е катастрофа. Тоа е погубен потег. На 21 април и на 5-ти мај ќе сфатат дека нивното време истече. Нашето време доаѓа, порача вечерва кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска Давкова на митингот во Пробиштип.

Оваа пролет власта ќе си замине, а ние прво на претседателското место, а потоа и во владата со новиот премиер доаѓаме“, истакна Сиљановска Давкова. Таа им вети на граѓаните дека кога таа ќе стане претседател ќе се бори правдата и правдината да завладее конечно во државата и да се стави крај на црнилото кое, како што рече, владее во моментот. Најави дека со нејзината победа доаѓа ново македонско време, време на правдата што ќе завладее во државата.

Вети дека како претседателка ќе се обиде секој ден, на секој чекор да ги уверува граѓаните, да работи и да решава македонски проблеми. Вети дека ќе им помогне и на текстилните работници за да се почитуваат и нивните права, да не се чувствуваат загрозено и да ги мачат.

Таа порача дека нема да дозволат идентитетот да се смени. „Идентитетот е граден со векови, идентитетот е неразделен од името Македонија, идентитетот е неразделен од македонскиот јазик, идентитетот не трпи придавка „северна“ зошто тој беше е, и ќе си остане македонски“, рече Сиљановска Давкова.

Напомна дека оваа власт од реформи спроведе криминал, корупција, клиентелизам, непотизам. Според неа, на власта партијата и статусот им се поважни од народот.

Сиљановска Давкова денеска оствари средба и со граѓаните во Општина Карбинци, каде истакна дека Македонија мора да размислува и делува развојно, да го искористи капацитетот кој постои и да инвестираме во основна индустрија, дизајн и производство на сопствени производи.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе