Претседателски избори 2019

Сиљановска: И на Титаник кога се качиле некои патници од Македонија, ги напишале дека се Македонци

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, вечерва зборуваше на митинг пред струмичани. Струмица, рече, прво ја асоцира на поранешниот претседател Борис Трајковски и на фудбалерот Горан Пандев.

Соработував со него кога се носеше законот за локална самоуправа и за територијаната поделба. И името на Пандев многу значи. Многупати ме направил среќна и горда – рече таа.

Таа ја обвини власта дека не само што го заборава ветеното, политичкото, туку го заборава и минатото.

„Ја заборавија дури и химната, а химна не се заборава, химна секогаш се пее, зошто таму каде што нема химна, нема држава, ама ја нема нивната држава, нашата е со нас и кога ја пееме и кога се радуваме на неа и кога плачеме со неа “ истакна Силјановска.

Зборувајќи за промената на името, таа праша зошто ако може Србија на Србите, Бугарија на Бугарите, Грција на Грците, да не можеме, како што рече, да кажеме Македонија на Македонците.

Силјановска во Струмица рече дека во меѓународното право се споредуваат држава со држава, регион со регион.

„И знам неколку региони во САД кои се викаат Македонија. И на „Титаник" кога се качиле некои патници од Македонија ги напишале дека се Македонци. Кога ќе речете Република Македонија тоа значи држава, а не регион. Тие нека уживаат во нивниот регионален идентитет, а ние државниот. Како може да не е од идентитетот нешто со што сум се родила со што сум се идентификувала “, рече кандидатката за претседател.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе