Сиљановска ги повика незадоволните симпатизери и членови на СДСМ да гласаат за неа

Ќе разговарам со сите поддржувачи на идејата за бојкот на претседателските избори и ќе им објаснам дека треба да излезт на гласање и да ѝ дадат поддршка во вториот круг од претседателските избори на 5 мај, изјави Гордана Сиљановска Давкова за ТВ Сител.

„Јас мислам дека ќе има цензус иако се разбира дека дел од граѓаните не сакат ни да помислат да излезат на гласање поради името. Тоа се оние од бојкотирам, а кон нив се приклучи и дијаспората. Но, јас имам намера отворено да разговарам со приврзаниците на бојкотирам, да им објаснам дека нема цел неколкукратното бојкотирање, дека проблемот со името на легален начин се решава внатре во институциите и ќе ги повикам да гласаат на изборите“, рече Сиљановска.

Таа ги повика и сите револтирани и разочарани граѓани од Владата на СДСМ и Заев.

„Ќе ги повикам и повторно и разочараните од СДСМ, оние од шарената револуција кои можеби не се за ВМРО-ДПМНЕ ама ова се претседателски избори, јас сум Гордана Сиљановска-Давкова и немам зад себе никаков политички багаж и мислам дека можам да бидам новина во политичкиот живот“.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе