ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска, Дурловски, Кедев, дел од тимот на соработници на Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски соопшти дека формирал тим од стратешки соработници, домашни и странски, кои ќе му помогнат во обновата на Македонија. Тимот е составен од професори, доктори по наука, експерти и аналитичари образовани на угледни меѓународни универзитети. За ова Мицкоски добил поддршка од Извршниот комитет на партијата и истиот ќе се проширува.

„Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова, стратешки соработник за прашања од областа на правото и политичкиот систем. 

Проф. Д-р. Сашко Кедев, Стратешки соработник за прашања од областа на медицината и здравствените политики.

Проф. Д-р. Владимир Дукоски  стратешки соработник за технолошки развој и образовни политики.

Стратешки соработник за прашања од областа на економија, Хозе Тараско вондреден професор на Кралскиот Универзитет „Хуан Карлос“ во Мадрид, Шпанија. Инаку бил визитинг професор на Универзитетот во Флорида „Бокаратон“ и исто така бил визитинг професор на Универзитетот во Порцмалт, Нотинген и истовремено на Универзитетот „Ваљиканта“. Од образованието има постдокторски студии на „Хардвард Универзитетот, има докторат на Кралскиот Универзитет „Хуан Карлос“, Мадрид, во Шпанија. Двоен магистериум на Универзитетот „Ваљиканте“, Универзитетот во Виена. Дипломирал на Универзитетот во Саламанка. Има искуство со работа во Банката на државни резерви за Нов Зеланд, Меѓународниот монетарен фонд. Понатаму бил дел од луѓето кои што работеле со Банката на федерални резерви на државата Сент Луис, САД, итн.

Игор Дурловски, стратешки соработник за прашања од областа на културата.

Влатко Гигов, стратешки соработник за нови производи и социјални медиуми. Инаку државјанин на Шварцарија, своето образование на додипломски студии го стекнал на „Вебсторн" Универзитетот во Женева, Швајцарија. А, неговиот магистериум е на Европскиот Универзитет исто така во Женева, Швајцарија. Работел како главен оперативен директор во неколку држави за мултинационални компании, меѓу кои би ги издвоил неговата работа во Мексико, Канада и итн.

Стратешки соработник за напредни технологии и аналитика, Јанко Баждавела кој што живее и работи во Њујорк, САД. Инаку Јанко своето образование, додипломски студии ги стекнал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на факултетот за електротехника и информациски технологии, поранешен Електро факултет. Инаку исто така има специјализација на „Квинс" Универзитетот во Белфаст. Понатаму бизнис школата во Париз, а моментално работи во „Коркоран Груп" на висока позиција, компанија мултинационална која што има годишен обрат со повеќе од 21 милијарда долари.

Понатаму, стратешки соработник за прашања од областа на спортот, Борко Ристовски.

Стратешки соработник за прашања од областа на енергетиката, Сања Божиновска инаку докторант на Харвард универзитетот во САД, магистрирала на универзитетот во Гронинген, Холандија, а додипломски студии завршува на Англо-американскиот универзитет во Прага, Чешка.

Акан Махмут стратешки соработник од областа на туризмот инаку Акан Махмут е косопственик и извршен директор на ЕРАК групацијата од Скопје.

Стратешки соработник од областа на трудовото право и социјалната политика, вонреден професор Лазар Јовевски, вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Стратешки соработник од областа на интелектуалната сопственост, Гоце Наумовски професор на правниот факултет во Скопје, „Јустинијан Прима“ инаку е визитинг професор на Колумбија Универзитетот, истовремено е двоен доктор на науки покрај докторатот на правниот факултет Јустинијан Први на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ исто така има завршено докторат на универзитетот во Стразбур, Франција.

Стратешки соработник за прашања од областа на бизнисот и организациските стратегии, професор доктор Гоце Андревски своето образование на додипломски студии го стекнал на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, постдипломски студии на Универзитетот Гранд Валеј Стејт во државата Мичиген во САД, додека докторирал на Универзитетот во Кентаки.

Стратешки соработник за прашања од областа на корпоративното право Александар Климовски.

Стратешки соработник за прашања од областа на банкарската политика, Коста Митровски до јуни 2019-тата година претседател на македонската банкарска асоцијација“, соопшти Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го ангажира секој оној кој е подготвен да помогне во обновата.

„Не сум човек кој ветува чуда, но ви ветувам многу работа, работа и само работа. А само со работа, чесност и искреност можни се големи скокови напред. А нам ни треба обнова повеќе од кога и да било порано. Затоа ние се потребни луѓе и човечки квалитет и потенцијал. А ВМРО-ДПМНЕ ќе го мобилизира тој потенцијал, секој напреден поединец кој е подготвен да помогне во обновата. И тука ве уверувам дека буквално секој еден што сака да се приклучи за подобра иднина на нашата татковина Македонија ќе има подадена рака и е добредојден“, истакна Мицкоски.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе