Реакција

Силјановска до Заев: Надвор сум од вашиот концепт во кој работа има само за децата на твоите функционери

Гордана Силјановска денеска се огласи на Фејсбук откако премиерот Заев изјави дека таа е надвор од секој можен концепт и не дала поддршка на тоа што цел свет и огромното мнозинство граѓани го поддржуваат.

„На навредите и етикетите кон мене им се придружи и премиерот. И морам да кажам дека се согласувам со него дека сум надвор од неговиот концепт за животот. Јас сум надвор од неговиот концепт на живот во кој работа има само за децата на неговите министри и владини функционери. Надвор сум од неговиот концепт за живот во кој тендери има само за неговите соработници, пријатели, роднини и партиски другари. Не сакам да бидам дел од концептот во кој живеењето значи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да исчезнат 19 милиони и никој да не одговара. Да, јас сум надвор од моралните норми во кои во сообраќајка загинаа 15 луѓе, а никој не презема политичка одговорност за трагедијата“, напиша таа на Фејсбук.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе