Предвремени парламентарни избори

Силјановска до Димитров: Вие неовластено го потпишавте Преспанскиот договор, тоа е кривично дело

Гордана Силјановска-Давкова, носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1 на вчерашната дебата на ТВ 24 со Никола Димитров, носител на листата на СДСМ во ИЕ1, рече дека „Преспанскиот договор го склучил неовластен субјект-Вие“.

„Според член 119 од Уставот меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на државата. Владата може да склучува меѓународни договори само кога е тоа утврдено со закон. Меѓународните договори се составен дел на правниот поредок само ако се ратификувани во согласност со Уставот. Не беше ратификуван овој договор така. Во Преспанскиот напишаа може да спроведете референдум. Референдумот беше неуспешен. Значи, правно мамлив е договорот.

И не само тоа, туку член 308 од Кривичниот законик вели дека тој што ќе ја доведе Македонија во потчинета положба, кривично ќе одговара“, рече Силјановска.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе