Силјановска Давкова: Власта на СДСМ се бори само за моќ и пари

Вечерва Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ гостуваше во „Радио Лидер“. При своето гостување посочи дека според Извештајот на Транспаренси Интернешнл, Македонија има радикален пад за 45 места. Тоа значи слободен пад токму во времето кога СДСМ и Заев се на власт.

„Што значи тоа? Тоа значи дека корупцијата и криминалот не се ендемски, туку дека се системски. Не може да ги врземе само за личностите на сторителите, туку за коруптивниот амбиент. Значи амбиентот политички, економски, затоа што ние на власт имаме т.н. бизнис политичари Јанус со две лица истовремено се претставници на граѓаните, но истовремено и си го тераат бизнисот“, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека власта на СДСМ се бори само за моќ и пари. Власта на СДСМ не се грижи за граѓаните, таа се грижи за своите џебови.

„Само анализирајте ги пратеничките прашања и ќе видите дека сум во право. На тоа надоврзете партизирана и политизирана администрација, регрутирана, по системот на победникот му припаѓа пленот, а не по мерит систем на знаење“, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека денес власта вработува по партиски клуч, наместо по систем на знаења. Власта денес криминалот и корупцијата не ги казнува.

„Социјалдемократијата е синоним за социјална држава, за солидарност и хуманизам, за мали разлики меѓу луѓето, за бесплатно образование и здравство. Дали ви личи оваа слика бидејќи ние во врвот на оваа партија ги имаме најбогатите тајкуни. Не, верувам дека се збогатиле од пиперки и домати. Не верувам. Туку, од политиката. Згора, со багаж врзан за криминал“, нагласи Силјановска Давкова.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе