Претседателски избори 2019

Сиљановска Давкова: Треба да победиме на изборите и да ги испратиме на незаслужен одмор

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Македонски Брод, каде го започна митингот со прашање има ли повистинско место да говорите за правото и правдата во Македонија од Македонски Брод.

„За тоа е најголемиот доказ за името на ова прекрасно место дека придавката македонски природно си е врзана и неразделна е од Македонија“, изјави Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова истакна дека Уставот е најважната правна и политичка книга на една држава.

„За двесте години Американците само 27 пати го смениле Уставот, а тој има само 7 члена. Додека ние го сменивме Уставот 36 пати од 1991 година ама само 2 пати од внатре, еднаш заради притворот и втор пат заради правосудството. Сите други измени доаѓаа од надвор. На барање од надвор, појасни Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова потсети дека минатата година Уставот на Република Македонија се менуваше не заради граѓаните, не заради добрата функционална држава, не заради подобар економски, политички, правен живот туку заради промена на името.

„Да потсетам дека граѓаните рекоа не за промена на името. Референдумот не успеа. Ама власта заборави на народот. Ние со молкот испративме порака до власта дека не ги легитимираме ни власта ни референдумот. Туку ги делигитимираме. Не гледам јас надеж дека во јуни ќе добиеме датум за преговори. Не дека се лоши кон нас туку затоа што бараат стандарди да се исполнат што се Копенхагешки критериуми, како владеење на право, економија, борба со корупција и криминал, борба со непотизам ама и затоа што ЕУ си има сериозни сопствени проблеми и се разбира дека секој, секогаш, секаде прво треба да се води од сопствените интереси така и ние националните интереси,а потоа да се согласуваме и да потпишуваме. Ама национален интерес не се гради меѓу двајца, меѓу тројца, туку со консензус, со опозиција, со претседател на држава. А, најмногу со народот“, истакна Сиљановска Давкова.

Таа објасни дека сликата на државата не е блескава, не е европска. Нема владеење на право ама нема дури ни елементарна поделба на власта. Кога власта е на едно место, дома, на работа, во државата тоа е лошо. Може да ја злоупотреби и ќе се прекршат слободи и права на граѓанинот.

„Треба да победиме на изборите за да уште веднаш ги делигитимираме. И да ги испратиме на незаслужен одмор, зошто ништо не сработиле, освен што го сменија името. И да ги потсетиме дека треба предвреме да ги распишат парламентарните избори“ нагласи Сиљановска Давкова.

 

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе