Силјановска Давкова: Пописот мора да е статистика а не политика

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе започне со собирање на најавените најмалку 10.000 потписи за поништување на Законот за попис, кој денеска е објавен во Службен весник.

Пратеничката и универзитетска професорка Гордана Силјановска Давкова на денешната прес-конференција образложи дека постапката ја покренуваат бидејќи во минатото опозициските партии поднесувале предлози за закони, но тие никогаш не биле ставани на дневен ред во Собранието. Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ се одлучила да собира потписи од граѓаните за поништување на Законот за попис.

„Затоа идејата беше за да се каже дека пописот мора да е статистика а не политика, пописот мора да води сметка за граѓаните, за индивидуите, а не за партиите да се инсистира на тие 10.000 потписи бидејќи овластен предлагач на закони се 10.000 граѓани. Би сакала тој број да е многу, многу поголем. Зошто? Тогаш би се нашол на дневен ред …, рече таа.

Коментирајќи ги, како што рече, политичките изјави за евентуалниот резултат од пописот Силјановска Давкова потенцира дека правилата треба да се извесни во законот, а резултатот статистички, а не да биде политички прашувајќи зошто ни е попис ако некој знае однапред каков би требало да биде резултатот.

Силјановска Давкова, која е независен пратеник е дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во однос на попишувањето на дијаспората рече дека „оние кои се надвор подолго од 12 месеци се жители таму".

„Во Франција, во Британија, во САД и таму ги попишуваат ама државјани се и овде и можат заради активното и пасивното избирачко право можат да учествуваат во политичкиот живот, но за жал нив ги нема. Некој им го суспендира избирачкото право и немаме ниту еден претставник од нив во Собранието“, рече таа.

Пратеничката од опозициската пратеничка група Силјановска Давкова изнесе низа аргументи, што според неа, укажуваат на политичката димензија на Законот за попис. 

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе