Од трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Односот на Бугарија кон Македонија е како на судија кон обвинет

Односот на земји членки на ЕУ кон земји кандидатки напати е како на судија кон обвинет, вели пратеничката и универзитетски професор по Уставно право Гордана Силјановска Давкова. Таа нагласува дека Бугарија бара промена на македонскиот Устав за впишување на бугарско малцинство, а од нејзина страна неправејќи никакви отстапки на зацртаните позициите, ниту пак има реципроцитет во однос на македонското малцинство. Според неа, Уставот секако ќе се менува.

„Европската Унија сама себе си се перцепира како единство на различности. Одеднаш, сега, се покажува дека членки на ЕУ промовираат еден чуден ЕУ-однос, ние и вие. Многу пати сум го цитирала професорот Џозеф Вајлер од Харвард, познат по уставот на ЕУ, кога вели дека ЕУ прво, иако се вика Европска Унија, е потесен ентитет од Европа, а сепак се вика Европска Унија и дека односот кон кандидати и кандидатите, и кандидатите за кандидати треба да го смени, бидејќи напати тој наликува на судија и обвинет или, се одвива според начелото молчи и слушај. Тоа не се однесува, се разбира , на ЕУ како ентитет и на органите, туку еве на некои членки“, вели професорката и актуелен пратеник, Гордана Силјановска Давкова на трибината организирана во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Заштита на националните и државни интереси, наместо пазар дипломатија".

Таа, како што информира прес-центарот на партијата, ова го посочи во однос на  Бугарија и нејзиниот однос кон Македонија со наметнување разно разни барања и услови, како што е и барањето за промена на Уставот за впишување на бугарско малцинство, а од нејзина страна неправејќи никакви отстапки на зацртаните позициите нарекувајќи ја чудна тактиката за земја членка на Европска Унија која се потпира на начелото на единство на различностите.

Во однос на признавањето и заштитата на правата на малцинствата, Силјановска Давкова посочи дека тука особено треба да важи начелото на реципроцитет, односно како што Бугарија бара признавање на бугарско малцинство во македонија истото треба да го направи и таа, и во Бугарија да го признае македонското малцинство и да ги гарантира неговите права, што е во согласнот и со добиените пресуди од Судот за човекови права кои ги покренаа Македонците во Бугарија.

„Од она што го покажува историската меморија, токму на прашањето на заштитата на правата на малцинствата најмногу се инсистирало на реципроцитет. Да посочам, и ние и Бугарија, сме ја потпишале и сме ја ратификувале рамковната Конвенција за заштита на правата на малцинствата. Ако ја следиме логиката на солунскиот Самит и на она што тогаш, комесарот за Оли Рен го изрази дека, регионот е Европа историски, географски, културно, дека само во два културно историски моменти на Отоманската империја и на комунизмот не сме биле заедно. И дека логиката е јасна ако е ова портата на ЕУ, тогаш или ние ќе извезуваме мир или ќе увезуваме немир", истакна Силјановска Давкова.

Во однос на барањето за промена на Уставот, таа истакна дека е неизбежно дека тој повторно ќе се менува, најмногу поради ЕУ интеграциите како што е примерот со Србија која пред недела дена се изјаснуваше и на референдум, но дека тоа ние треба да го направиме со барање од внатре, како на пример претседател на држава, а не како барање кое некој од надвор ни го наметнува.

„Мој белгиски колега вели, устав треба да се менува со рака што трепери од одговорност. Да, ние го менуваме Уставот со рака што трепери од страв, до сега неколку пати. И замислете, за триесетина години 36 амандмани, споредено со САД, за повеќе од 200 години - 27 амандмани, имаат илјада предлози и пет илјади неуспешни обиди. Проблемот е што ние, дали треба да го смениме Уставот, јас одговорно тврдам, и тоа ќе го направиме. Србија тоа сега го прави со референдум, во функција на ЕУ интеграцијата, меѓутоа не со барање од надвор, туку со барање од внатре. Еден паметен претседател или претседател на Собрание, одамна би ја проширил уставната комисија со експерти, за да видиме во овие 30 години кои проблеми ги манифестираше уставната норма во праксата како систем", рече меѓу другото на трибината Гордана Силјановска Давкова.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе