Претседателски избори 2019

Сиљановска: Ако најдобрите се најдат на највисоките позиции верувам дека има живот за Македонија

Гордана Сиљановска Давкова, кандидатот за претседател на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска од Охрид порача дека делегитимирањето на власта може да се реализира само по институционален пат, истакнувајќи дека се она што е нелегитимно може да се делегитимира само институционално, во процедура, а не на улица.

„После изневерените ветувања луѓето имаат сомнеж, после притисоците луѓето имаат страв, после неуставната промена на името луѓето не сакаат да излезат било каде мислејќи дека со тоа ја легитимираат таквата одлука…Со учеството на претседателските избори сите граѓани да ја бојкотираат и делегитимираат власта, а со предвремени парламентарни избори да почне нова фаза на градење европска Република Македонија врз основа на минимум демократски стандарди што ќе важат за сите, па да не стрепиме пред избори кој ќе победи, а државата сама по себе да функционира, рече Сиљановска Давкова.

По однос текот на предизборната кампања таа рече дека не секогаш кореспондирала со потпишаниот акт за праведност, но забележа дека тоа ја прави посилна во личните уверувања дека без владеење на правото нема демократија, без демократија не може да се биде дел од ЕУ.

„Иако жена се обидов витешки да се однесувам. Не се однесував триумфално во дебатите, ниту ги диктирав, а ги прифаќав како респект кон граѓаните. Ќе се обидам функцијата претседател да ја подведам токму врз принципот на владеење на правото, да придонесам за демократизацијата на Македонија иако сме се уште потонати во транзиција. Ќе почнам од себе со кратење на привилегиите, користејќи ги сите расположиви уставни инструменти најмногу обраќањето кон пратениците и преку тоа кон граѓаните, не заради демонстрација на моќ, престиж, статус, туку за да ги адресирам проблемите на граѓаните, рече таа, нагласувајќи дека правото на вето ќе го користи од подведеноста кон Уставот и законите, како пример за законитоста и владеењето на правото“.

Таа смета дека на престојните избори граѓаните ќе гласаат по свој избор, свесни дека избирачкото право е нивен суверен што не им го дава никој, најмалку партиите.

„Ако најдобрите се најдат на највисоките позиции верувам дека има живот за Македонија и се надевам дека тоа што цел живот го правам на универзитетот, сега ќе се обидам, а сигурна сум дека ќе бидам успешна и во рамки на претседателската функција“, рече таа.

Сиљановска ја посети црквата „Света Богородица Каменско“ што е наоѓа во непосредна близина на Стариот чинар во Охрид, каде од неодамна се гради објект што е оспоруван како дивоградба.

„Се е заштитено, Охрид е под заштита на УНЕСКО, но прекрасните икони и фрески не одат со дивградбата што се гради педесеттина метри подолу и тоа е опомена дека нешто не е во ред и под итно треба да се стори во Охрид. Охрид не се само црквите, Охрид е градот, сето она што се гради доградува, а тоа мора да биде во хармонија со постоечкото. Се надевам дека граѓаните ќе знаат како да се однесуваат кон оние кои имаат респект кон духовното наследство и оние кои ниту го почитуваат ниту штитат“, рече Сиљановска Давкова.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе