Унгарскиот министер во Скопје

Сијарто допатува со медицинска помош за земјава

Со специјален воен карго авион, унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто допатува во земјава директно со пакети помош од 100.000 заштитни маски и 5.000 заштитни скафандери. На аеродромот беше пречекан од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

„Северна Македонија и Унгарија имаат одлична билатерална соработка, за што сведочи и денешната поддршка, која во вакви застрашувачки времиња, кога секој се бори да обезбеди средства за сопствени потреби, покажаа навистина несебична солидарност од страна на Република Унгарија“, изјави Османи.

По пречекот, во просториите на самиот аеродром, Османи и Сијарто имаа и работна средба, на која разговарале и за натамошните чекори во однос на европската агенда на земјава по добивањето на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ, процесот на формирањето на преговарачката рамка, како и подготовката на земјата за самиот почеток на преговорите.

Османи, како што стои во соопштението до секретаријатот за европски прашања, се заблагодарил поддршката за нашите европски интеграции, вклучувајќи ја тука и навистина успешната мисија на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, комум според Османи, најмногу може да му се препише заслугата за експресното усогласување на новата методологија, и секако, исправањето на грешката од ноември минатата година преку одлуката на ЕУ за почеток на преговорите со земјава.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе