„ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки”

Сигурно не сме најдобри, но ние сме добрата вест од Западен Балкан, вели Заев за австриски „Стандард”

Членките на ЕУ понекогаш ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е најдобриот проект во светот што гарантира демократија и слобода и затоа треба да го забрза процесот на донесување одлуки и тоа значи дека малите држави не треба да се третираат на ист начин како и големите држави, ели премиерот Зоран Заев во интервјуто за австрискиот весник „Стандард”.

Пред посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Скопје, Заев во интервјуто вели дека по 16,5 години чекање, нема веќе што многу да се направи со оглед на тоа што нашата земја беше добар пример во последниве години кога станува збор за однесување на европски начин.

„Сигурно не сме најдобри, но ние сме добрата вест од Западен Балкан. Во моментов, ЕУ размислува за препораките што ќе бидат дадени на Самитот за Западен Балкан на почетокот на октомври, а има држави од ЕУ кои дури и не сакаат Унијата да продолжи да се фокусира на Западен Балкан”, изјавил Заев.

Според него, „Северна Македонија може да даде повеќе примери на решавање разни спорни прашања, кои ќе ги сподели со останатите Европејци”, а еден од нив е Охридскиот мировен договор, кој е целосно имплементиран и е модел кој покажува дека со малцинските прашања најдобро може да се справиме со зајакнување на локалната самоуправа. Како пример за Европа го споменува Преспанскиот договор, кога станува збор за прашања за идентитетот.

Во однос на прашањето за бугарското вето на пристапните преговори за Македонија во ЕУ и можниот излез од оваа ситуација, рече дека разговорите со нашиот сосед продолжуваат и оти се направени чекори поблиску до решение.

„Мислам дека е можно да се постигне придвижување пред Божиќ, односно на Советот на ЕУ на 22 декември, бидејќи Бугарија до тогаш ќе избере нов парламент на 14 ноември, а вториот круг од претседателските избори таму ќе се одржи една недела подоцна. Така, тие имаат повеќе од еден месец да донесат одлука. Министрите за надворешни работи напорно работат на тоа. Ние се обидуваме да ја разбереме позицијата на Бугарија и тие се обидуваат да ја разберат нашата позиција”, вели Заев за австрискиот весник.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе