Според агенцијата Фокус

Бугарска партија бара да „признаеме“ дека Самоил, Кирил и Методиј, Делчев... се Бугари

Лидерот на бугарската партија Атака и претседател на парламентарната група на Обединетите патриоти, Волен Сидеров, најави дека ќе предложат измени во членот 11 од Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Македонија за немешање на бугарската историја во македонските учебници по историја, јави агенцијата Фокус.

Волен Сидеров

Сидеров вели дека е загрижен од тоа што гледа дека во бугарското општество постои расположение да се приспособат и да се преработат одредени периоди од бугарската историја, почнувајќи од Првата бугарска држава (681-1018) и сѐ до националноослободителните борби и војните за национално ослободување и обединување од почетокот на минатиот век.

Овој предлог доаѓа по потпишувањето на Преспанскиот договор меѓу Грција и Македонија на 17 јуни 2018, по чија ратификација во двата парламенти ефективно ѝ се стави крај на антиката во македонската историја, вели Фокус.

Како резултат на овој договор, новата Република Северна Македонија сега е всушност обврзана да се откаже од своето античко потекло и отсега секогаш ќе се прави задолжително појаснување за антиквитетите, ликовите и настаните што ѝ припаѓаат на хеленистичката култура.

Во таа смисла, за да не се дозволи злоупотреба на бугарската историја, особено на делото на светите бугарски просветители Кирил и Методиј и нивните ученици Климент, Наум, Горазд, Ангелариј и Сава, како и на бугарските владетели од династијата на комитопулите - Самуил, Радомир, Иван Владислав и Алусиан, како и со дејците на црковната, книжевна и националноослободителната борба, предвидени се голем број заштитни мерки, ќе предложи парламентарната група Обединети патриоти.

Во членот 11 од Договорот за пријателство пишува дека секоја „договорна страна има право да ги штити правата и интересите на своите граѓани, на територијата на другата страна, во согласност со меѓународното право. Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица кои не се граѓани на Република Македонија. Двете договорни страни ќе преземат ефикасни мерки за да ги спречат злонамерните пропаганди од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејства што ќе им наштетат на односите“.

Во предлогот на Волен Сидеров се бара дополна со следново барање: „двете договорни страни ќе се воздржат од секакви шпекулации и обиди за присвојување на историските  настани или личности кои се дефинирани како заеднички за двете договорни земји. Секоја од двете договорни страни ќе се воздржи од какви било шпекулации и обиди на присвојување на историски настани или личности што се дефинирани дека припаѓаат единствено кон историјата на едната од двете договорни земји“.

Сидеров нуди историските настани и личности да се прогласуваат за општи со одлуките на заедничката меѓувладина комисија, со која претседаваат министрите за надворешни работи на двете земји, а по предлог на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија.

Лидерот на Атака го бара и ова: „до прогласувањето на дадени историски настани или личности за општи, Република Македонија да се воздржи од секакви шпекулации и секакви обиди за присвојување на следниве историски настани и/или личности: владетелите на Првата бугарска империја од Крумовата династија и од династијата на комитопулите од хан Крум до цар Иван Владислав вклучувајќи ги тука особено владетелите што управувале со империјата од престолнината Охрид.

Лидерот на Атака ја повикува Македонија да се воздржи од напади на сите историски личности поврзани со националноослободителната борба и борбата за обединување на бугарскиот народ во обединета држава, покривајќи ги територијалните граници на Бугарската егзархија, како што беа означени од султанот Абдул Азис Фермана на 28 февруари 1870 година.

Според предложената верзија на анексот на договорот, Македонија би морала да се воздржи од сите историски настани, директно или индиректно поврзани со горенаведените лица. Ова подразбира означување на овие историски настани или личности за целосно бугарски. Во предлогот се дефинира и поимот шпекулации: „Секој обид историските настани и/или личности кои треба да бидат презентирани на начин кој не одговара на она што е познато од објективни, автентични и докажани историски извори, според извештаите на комисијата според чл. 8 (2) (Заеднички мултидисциплинарен експертски комитет).

Според текстот: една договорна страна ќе се смета дека го прекршила овој член кога преку шпекулациите ќе направи обид за проневера на историски настани и/или личности од страна на шефот на државата, шефот на нејзината влада, владин службеник и кој било друг висок функционер регулирано според уставите на двете договорни страни. Овој член ќе се смета за прекршен ако во разумен рок, не подолг од еден месец, не се преземат соодветни мерки против конкретниот престапник, а другата договорна страна не испрати соодветно извинување.

Новинска агенција Фокус потсетува: Договорот за пријателство, соседство и соработка беше потпишан на 1 август 2017 година во Скопје од страна на бугарскиот премиер Бојко Борисов и македонскиот премиер Зоран Заев. Преговорите за договорот беа иницирани од Бугарија во 2008 година. Во насока на добрососедските односи. Во 2017 и 2018 гоина се одржаа заеднички прослави на Илинденското востание од страна на двајцата премиери, Бојко Бојко Борисов и Зоран Заев.

Двете земји за првпат заедно го прославија и 24 Мај - Денот на словенската азбука и култура и на светите браќа Кирил и Методиј во Рим и раѓањето на Гоце Делчев.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе