„Навивачите низ цел свет слават во национални театри“

„Шверцери“ биле во МНТ да слават, а не за вандализам, вели Ахмети

Нема ништо спорно што навивачката група „Шверцери“ одржа прослава во МНТ, и оти намерата не им била да предизвикаат штета или вандализам, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Што се однесува до материјалната штета на театарот, тоа е другo прашање што ќе го процени Министерството за култура, но не мислам дека луѓето отишле таму за да предизвикаат штета или за вандализам“, рече Ахмети по положувањето цвеќе на споменикот на Скендербег во Старата скопска чаршија по повод Денот на албанското знаме.

Ахмети додаде дека во многу цивилизирани земји како Германија, Велика Британија и низ целиот свет, навивачите на разни спортски  клубови ваквите манифестации за одбележување на деновите на нивното основање ги одржуваат во националните театри.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе