ДИПЛОМАТСКИ РАЗГОВОРИ СО ЗАЕВ

Шведска иницира продолжување на преговорите за излез од кризата

Шведска изразува загриженост поради политичката криза во Македонија и е заинтересирана за продолжување на разговорите за изнаоѓање решение. Ваквиот заклучок произлегува од соопштението на СДСМ по средбата во седиштето на партијата на генералниот директор за политички работи во Министерството за надворешни работи на Кралството Шведска Торбјорн Солстром, со претседателот на СДСМ Зоран Заев.

По средбата на Заев со високиот шведски функционер Солстром, кој бил придружуван од амбасадорот на оваа скандинавска земја Матс Стафансон, партијата соопшти дека Заев го повторил својот став во врска со политичката криза и можностите за нејзино решавање.

-За граѓаните на Македонија и за иднината на државата неопходно е Никола Груевски да се повлече. Само Влада во којашто нема да учествуваат Груевски и соработниците кои ги создадоа длабоките проблеми во Македонија, може да постигне резултати во критичните области: обезбедување фер изборен процес, независно судство, медиуми, нотирани и во извештаите на Европската комисија и ОБСЕ/ОДИХР. Тоа е патот земјата да се врати на демократските вредности и да ги обезбеди предусловите за загрозените европски перспективи, рече претседателот Заев.

Според соопштението, на средбата била изразена загриженост поради „политичките тенденции изминатите неколку години, коишто ја оставија Македонија на опашката на регионот, а сега ја поткопуваат и стабилноста".

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе