Прес-конференција на СДСМ

Шутаров: Градоначалникот на Кисела Вода дели пари преку договори на роднини, пријатели и сопартијци

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски склучил голем број на договори на суми од 40  и 50.000 денари, парите на граѓаните, кои завршуваат кај членови на ВМРО-ДПМНЕ, нивни роднини, пријатели, па дури и нивни медиумски поддржувачи, рече Гордан Шутаров, генерален секретар на младината на СДСМ и советник во Град Скопје. Меѓу имињата кои ги наведе Шутаров се Славче Трпевски, поранешен директор на Катастар, Наталија Митовска од порталот Инфомакс, Сара Ѓорѓиевска, братучедка на градоначалникот, како и други роднини и пријатели. 

Во време на најголема економска и енергетска криза, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо работа и исполнување на ветеното целиот фокус им е ставен на партиски вработувања, трошење пари и полнење на џебовите на нивни роднини и пријатели, рече Шутаров и додаде дека локалната власт се жали дека нема пари  за струја, за парно, за помош на граѓаните среде криза, но во исто време, како што нагласи, немилосрдно ги трошат парите на граѓаните за партиски вработувања и вдомувања на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на своите роднини и пријатели.

Тој нагласи дека градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски иако нема ниту еден реализиран проект, склучил куп договори за вработувања, меѓу кои и голем број со авторски договори.

„Преку договори со суми од 40 па и од 50.000 денари, парите на граѓаните завршуваат кај членови на ВМРО-ДПМНЕ, нивни роднини, пријатели, па дури и нивни медиумски поддржувачи. Само во еден месец, ноември 2021 година, Орце Ѓорѓиевски склучил 11 вакви Договори кои се продолжени и во оваа 2022 година“, рече Шутаров.

Тој наведе дека договор е склучен со Славче Трпевски - партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен директор на Катастар, против кого, како што нагласи, има кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.

Шутаров го покажа договорот од кој се гледа дека на Трпевски му се обезбедени 40.000 денари, но и дека има и анекс на Договор.

„Наталија Митовска – од порталот Инфомакс, медиум кој е под директна контрола на ВМРО-ДПМНЕ, исто така има Договор со општина Кисела Вода. Со парите на граѓаните очигледно се плаќа пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ и ширењето лажни вести. Еве го Договорот на Митовска, 24.000 денари месечно, но има и анекс на Договор, како да нешто не било доволно. Исто како Трпески, таа е ангажирана за изготвување Извештај со елаборирање за спроведување програма на месна самоуправа“, рече Шутаров.

Тој нагласи дека тоа не е сѐ, дека на списокот партиски договори на Орце Ѓорѓиевски има и роднини и лични пријатели на градоначалникот.

„Сара Ѓорѓиевска – роднина, поточно братучетка на градоначалникот, исто така има Договор вреден 30.000 денари. Прием на странки, телефонски разговори и прием на пошта. Како од цела општина да немало човек за оваа работа па морала братучетката на градоначалникот да биде наградена.

Договор има и за Кирил Митревски, близок пријател на градоначлникот, вреден 50.000 денари но и многу други лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ, како Влатко Стојановски, Кирил Димчевски, Сашо Јовановски, Ленче Алтова и други“, рече Шутаров.

Тој на крајот заклучи дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ и рече дека тоа е истата режимска партија која криминално влаееше 11 години.

Советниците од СДСМ во Општина Кисела Вода исто така реагираа со најава дека ќе побараат сумата за овие договори која изнесува околу 100.000 евра да се пренамени во корист на граѓаните.

„Како советничка група денеска на седницата на Советот, преку посебна точка на дневниот ред, ќе побараме овие пари да се пренаменат за справување со последиците од економската и енергетската криза. 100.000 евра за општина како Кисела Вода се сериозна сума на пари со кои може да им се помогне на граѓаните, сега кога е најпотребно во време на огромна криза. Наместо за непродуктивни трошења парите да завршат кај граѓаните“, најави советничката од СДСМ во Кисела Вода Емилија Трајковска.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе