Шумската полиција, по 12 години доби нови униформи

Шумската полиција по 12 години добива нови униформи и чизми, се потпиша Колективниот договор со кој се уредуваат статусот, правата, обврските и одговорностите на вработените во Шумската полиција и првпат се регулира правото за добивање додаток од 30 отсто, изјавија денеска вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Според нив, овие работи стануваат реалност откако со години беа само на хартија и декларативно се промовираа. Исто така, и Николовски и Хоџа порачаа дека интензивно се работи на зајакнување на овој сектор кој е од исклучително значење за контролите со дивата сеча и за зачувување на природните ресурси.

Шумските полицајци ќе добијат по два сета зимска и летна униформа. Вредноста на набавката е 10 милиони денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на МЗШВ.

Во наредните денови униформите ќе бидат доставени до сите шумско-полициски станици во земјата.

Николовски потсети и дека заедно со надлежните институции меѓу кои МВР и Бирото за јавна безбедност, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Шумската полиција и ЈП „Национални шуми“ е формирано Координативно тело за подготвка и спроведување активности и мерки за справување со нелегалната и неконтролираната сеча, како и за спречување на криминалот и корупција во шумарството.

„Преку зајакнати и интензивни контроли на терен, дигитализација на целиот процес на надзор, издавање документација, следење на дрвната маса и транспортот, ќе го намалиме ризикот од криминал и корупција и ќе го заштитиме нашето национално богатство-шумите“, рече Николовски.

Министерот Хоџа пред доделувањето на униформите, рече дека се изработени согласно европските стандардни и потсети дека во ноември лани за Шумската полиција беа набавени и нови чизми, нешто што исто се реализираше првпат по 12 години. Неодмна, дополни, се потпиша и Колективниот договор со кој платата на шумските полицајци се зголеми за 30 отсто.

Во Шумската полиција има околу 385 вработени, но постои потреба од дополнителен кадар, па оваа или следната година се можни нови вработувања.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе