Линде: Најважно е да се направат потребните реформи, иако тоа е особено тешко

Поранешната шведска министерка за надворешни работи Ан Линде, одговарајќи на новинарски прашања денеска во Скопје, рече дека најважно на патот кон Европската Унија (ЕУ) е да се направат потребните реформи, иако тоа е особено тешко, бидејќи некогаш се потребно големи промени. Линде учествува на вториот Социо-еколошки форум во организација на Фридрих Еберт фондацијата, Mеѓународниот центар „Олоф Палме"и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

„Зборуваме за уставните измени, кои сега сметам дека се важни. Сметам дека актуелниот премиер Димитар Ковачевски, поранешниот премиер Зоран Заев и поранешната министерка Радмила Шекеринска направија особено големи напори да ја донесат земјата во ситуацијата во која се наоѓа сега и искрено се надевам дека ќе има конструктивна опозиција, а не опозиција што само го отежнува патот на вашата земја за членство во ЕУ", изјави Линде.

Таа оцени дека не постојат скратени патишта, нагласувајќи дека земјата мора да ги направи болните и тешки промени за членство во ЕУ, но дека сето тоа вреди да се направи.

Поранешниот претседател на Европскиот парламент и прв човек на Фондацијата „Фридрих Еберт", Мартин Шулц смета дека и власта и опозицијата треба да го имаат предвид повисокиот интерес на државата за надминување на пречките на патот кон членство во ЕУ, како и дека партиите треба добро да размислат и направат баланс меѓу нивната национална одговорност и тактичките чекори во домашната политичка борба.

Мој личен впечаток, порача Шулц денеска во Скопје, е дека опозицијата игра тактичка игра со цел да ја стави Владата во тешкотии.

„Не е мое да коментирам за внатрешните работи на земјата. Ќе дадам еден пример. Главната опозициска партија во земјава е дел од Европската народна партија (ЕПП). ЕПП пак го дели ставот на вашата Влада дека уставните измени се неопходни за напредок во ЕУ", изјави Шулц, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на вториот Социо-еколошки форум.

А македонскиот премиер Димитар Ковачевски на истата тема рече вратата за влез во Владата е отворена за сите партии што ги делат вредностите на владеачката коалиција.

Тој смета дека двотретинското мнозинство за промена на Уставот и продолжување на европскиот пат на државата не е потребен за Владата и за Парламентот исклучиво. Тоа не е процес на една политичка партија, туку тоа е процес за сите политички партии застапени во Парламентот, што треба да обезбедат европска иднина на државата, изјави Ковачевски.

„Влада се бира со 61 пратеник, а двотретинско мнозинство се обезбедува со 80 пратеници. Одговорност на сите политички партии во државата е да го исполнат она што од 1991 година го има зададено нашата претходна генерација, практично независна македонска држава, членка на НАТО и на ЕУ. Во Парламентот ќе бидат носени и други одлуки не само оваа, бидејќи патот до ЕУ ќе бара од нас многу реформи. Затоа кажав дека и опозицијата мора да биде вклучена во работата на тие реформски закони. И повторувам уште еднаш дека најдобро место за тоа е Нациналниот комитет за европски интеграции што е воден од опозицијата и во којшто треба да се разговара", рече Ковачевски.

Премиерот порача дека сите политички партии, односно пратениците во Собранието ги застапуваат граѓаните, а граѓаните се тие коишто очекуваат да живеат во држава полноправна членка на ЕУ.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе