Во поканата до која дојде ТВ Алсат се вели:
„Една од главните точки на која се обврзавме е официјализирање на албанскиот јазик во РСМ, додека Уставот на државата има погрдна дефиниција за албанскиот јазик, затоа иницирањето на состанокот на заедничката маса има за цел да го обедини албанскиот политички фактор со цел да се отстранат погрдните поими како што е случајот '20%' и да се дефинира албанскиот јазик во Уставот согласно нашите заеднички определби", им пишува Касами на партиските лидери.
Извори од Беса велат дека поканата е упатена до: Али Ахмети, претседател на ДУИ, Арбен Таравари, в.д. претседател на Алијансата за Албанците, Мендух Тачи, претседател на ДПА и Африм Гаши, претседател на Алтернатива.
Касами препорачува местото и времето на состанокот да бидат утврдени во комуникација со партиските генералните секретари.