Луксембург

Што пишува во заклучокот на ЕУ за Македонија?

Советот на Европската Унија препорача условен датум за почеток на преговори на Македонија за членство во Унијата во јуни 2019 година. За да бидат отворени преговорите, Македонија мора да исполни четири услови: да ги спроведе итните реформски приоритети, да го спроведе договорот со Грција, да добие позитивен извештај од Европската Комисија и одлука од Советот на ЕУ.

Еве што стои во заклучокот усвоен вчера доцна попладне во Брисел, по тешка дискусија и расправија.

„Со оглед на напредокот, особено во спроведување на договорот од Пржино, итните реформски приоритети и позитивниот импулс создаден со договорот со Грција за името, Советот се согласува позитивно да одговори на горенаведениот напредок направен од страна на поранешната југословенска Република Македонија и го поставува патот кон отворање на пристапни преговори во јуни 2019 година. Според тоа, Советот ја нагласува критичната потреба БЈРМ да продолжи со конкретен напредок околу итните реформски приоритети и да даде понатамошни опипливи резултати во борбата против корупцијата и одржувањето и продлабочувањето на сегашниот реформски импулс. За таа цел, Советот ја повикува Комисијата внимателно да ги следи горенаведените реформски напори на поранешната југословенска Република Македонија и да го процени напредокот врз основа на годишниот извештај на Комисијата. Советот потсетува дека одлуката за отпочнување на преговори за пристапување со поранешна југословенска Република Македонија ќе биде предмет на завршување на националните парламентарни процедури и на одобрувањето од страна на Европскиот совет, по што брзо ќе следи првата меѓувладина конференција до крајот на 2019 година, зависно од постигнатиот напредок. Советот нагласува дека оваа проценка на напредокот треба да вклучи дополнителни видливи и одржливи резултати, фокусирајќи се особено на:

- судските реформи и проактивни истраги, обвиненија и конечни пресуди во случаите на корупција и организиран криминал, вклучително на високо ниво;

- реформа на разузнавачките и безбедносните служби;

- реформа на јавната администрација.

Советот ја зема предвид намерата на Комисијата да почне со потребната подготвителна работа“.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе