СДСМ: Шпицниот градоначалник Мицкоски со неговите градоначалници директно брцаат со рацете во џебот на граѓаните

Додека СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски преземаат мерки за надминување на енергетската криза, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се посветени на тендери и провизии, на лични и бизнис интереси наместо на интересите и потребите на граѓаните, велат од СДСМ и додаваат дека  Скопје и општините кои ги раководи ВМРО-ДПМНЕ една година се во стагнација, нема реализирани проекти и нема мерки за помош на граѓаните.

„Шпицниот градоначалник Мицкоски со неговите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво ги покачуваат комуналните услуги и директно брцаат со рацете во џебот на граѓаните.

Онаму каде е ВМРО-ДПМНЕ локална власт се покачуваат локалните комунални услуги, на штета на граѓаните и нивниот економски стандард.

Во Прилеп комуналните услуги се покачени за 67 отсто, во Штип за 40 отсто, во Велес јавниот превоз е зголемен за 40 отсто, додека во општина Охрид покачени се и јавниот превоз и комуналните услуги.

Наместо мерки за помош на граѓаните и работа, шпицниот градоначалник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мислат на тендери и удираат по џебот на граѓаните.

Тоа е голема, суштинска разлика.

СДСМ се грижи за граѓаните во време на криза, шпицниот градоначлник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат само за тендери и провизии“, велат од СДСМ. 

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе