Шпанската Влада го одобри Протоколот за НАТО и побара од Парламентот по итна постапка да го ратификува

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Владата на премиерот Педро Санчез побара од Парламентот Протоколот да биде ратификуван по итна постапка, имајќи предвид дека Шпанија е последна од 29-те членки на НАТО што досега не го ратификувала, пренесува шпанската новинска агенција ЕФЕ.

„Неопходно е ратификацијата да биде по итна постапка со цел да не се одложуваат заложбите на Шпанија како сојузник во НАТО за прием на Северна Македонија во Алијансата“, се вели во образложението на шпанската Влада.

Владата во Мадрид во јули лани достави до Парламентот барање за ратификација на Протоколот, но поради распишувањето на предвремените парламентарни избори на 10 ноември постапката беше прекината.

За десет месеци Протоколот за пристапување во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки, а приемот на Македонија како 30. членка на НАТО е извесно, влезот е само формалност, бидејќи одлуката и согласноста од 29 земји-членки е веќе дадена.

Во земјава пак, Предлог-законот за ратификација веќе е во собраниска процедура. Владата кон крајот на минатиот месец се одлучи за предвремена ратификација, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на тоа што земјава оди на предвремени избори на 12 април, а Собранието се распушта на 11 февруари. Ако до распуштање на Собранието Протоколот не помине во шпанскиот парламент, спикерот Талат Џафери, како што најави, Предлог-законот ќе го стави на дневен ред и за него ќе се гласа, но со одложена примена на законот.

 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе