Средба Педро Санчез-Зоран Заев

Шпанија сака Македонија и Албанија заедно и што побргу да ги почнат преговорите со ЕУ

Шпанија е силен поддржувач на Македонија и се залага за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ и со тоа старт на преговорите за членство, истакна претседателот на шпанската Влада Педро Санчез на средбата во Мадрид со македонскиот премиер Зоран Заев.

Санчез нагласи и дека Шпанија е за почеток на пристапните преговорите и за Македонија и за Албанија во исто време.
 
На денешната, прва средба на премиерско ниво на шефовите на владите на Македонија и Кралството Шпанија, Зоран Заев и Педро Санчез, изразено е исклучително задоволство од двете страни и средбата е оценета како историска и како нова, важна страница за натамошен развој на двете пријателски земји, соопшти владината прес-служба.
 
Премиерите Заев и Санчез на средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, се согласија дека средбата е важна и заради евроинтеграциските процеси на  Македонија имајќи ја предвид силната поддршка од Шпанија за одржувањето на првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ и со тоа старт на преговорите.
 
Шпанија многу високо ги оценува реформите што ги спроведува Македонија, нагласи премиерот Санчез и потенцираше дека тоа, како и исполнувањето на другите критериуми за пристапување во ЕУ, се најважни процеси кои земјата ги оствари и испорача кон Брисел.

Двајцата премиери оваа прва средба на премиерско ниво ја оценија и како особено значајна за стопанствениците од двете земји и се согласија дека ќе земат уште поголемо учество во поттикнувањето на бизнисмените од двете страни да соработуваат на заеднички инвестициски проекти.

Меѓусебната поддршка меѓу двете земји и двете влади е очекувана бидејќи неопходно е прогресивните сили да се поддржуваат на патот кон просперитетот, нагласија премиерите Санчез и Заев.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе